web-grantees

Организација на жени од Струмица

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и повеќе од триесет години работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности и родова еднаквост, на недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата
Стратегијата на ОЖС се фокусира на подобрување на положбата на жените и девојките преку застапување, мобилизација и јакнење на нивните капацитети за вклучување во процесите на планирање и одлучување, како и на поттикнување, промовирање и застапување на политики на интегриран пристап за превенција и заштита од родово базирано насилство.
Се стремиме за обезбедување на поголема одговорност од носителите на одлуки и институциите за унапредување на родовата еднаквост и заштита на женските права.
Нашите стратешки определби се насочени и кон одржливо и професионално работење преку примена и почитување на процедурите за транспарентно и отчетно работење, на следење и оценување на успешноста на внатрешното организациско работење и преку соработка со жени и девојки од урбани и рурални средини, сродни домашни и меѓународни граѓански организации и со институции за прашања кои се од заеднички интерес.

Корисници

Жените и девојките од урбаните и руралните средини, жртвите на родово базирано насилство, членовите и волонтерите на ОЖС, младите, граѓанските организации и неформалните групи кои работат на полиња блиски до Организација на жени од Струмица, надворешните соработници, носителите на одлуки, институциите, медиумите и општата јавност.

web-grantees (6)

Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението РУБИКОН делува на

  • Промоција на неформалното образование меѓу граѓаните, со акцент на деца и млади и професионалци кои работат со деца и млади
  • Развој на граѓанското општество, демократијата и демократските институции
  • Промовирање и унапредување на заштитата на човековите права и слободи граѓанските вредности и правата на ранливите категории на граѓани во општеството;

Фокусот за следниот период е продолжување на дваесет и петгодишните заложби за што поголема вклученост на деца и млади во неформална едукација.

Рубикон продолжува со организирање активности, тренинзи, едукации со деца и млади и нивните родители, наставен кадар за врсничко насилство, за намалување на поларизираноста кај младата популација  и за јакнење на личниот интегритет и справување со коруптивните практики во млада возраст. Тимот на Рубикон  ќе го продолжи континуитетот во јакнење на професионалните капацитети на вработените во системот на детска заштита.

Преку акредитираната програма „Справување со врсничко насилство и кибернасилство“ на Бирото за развој на образованието, Рубикон ќе продолжи да делува на национално ниво во полето на превенција и справување со врсничко насилство за наставници, стручни служби и ученици во основно и средно образование.

Предложување на иницијативи, мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби со цел унапредување на регулативата во областите на делување на Здружението;

Преку уникатната форум театарска техника Рубикон го продолжува третирањето на општествените проблеми и ги зајакнува личните капацитети. Рубикон ќе ја одржува воспоставената мрежа и долгорочна соработка со партнер организации и ќе поттикнува нови партнертства и соработки.

Корисници

Средношколци и наставен кадар – преку форум театарските претстави ќе стекнат увид, јасна слика и знаења за поимот корупција, како и вештини за справување за пријавување на коруптивно однесување. Ќе се подигне свесноста за распростанетоста на корупцијата во сите сегменти на општественото живеење.

Млади политичари – преку споделување на ставовите и мислењата ќе се овозможи градење на унифицирана перцепција за фактичката состојба со корупцијата во државата. Младите политичари ќе имаат унапреден личен интегритет, индивидуална одгворност, проактивност и нулта толеранција за корупција

Јавна администрација – На работните состаноци ќе се анализира годишната програма во областа на превенција и справување со корупцијата. Ќе стекнат увид во фактичката состојба, како и во функционалноста и примената на Програмата со сите планирани активности.

web-grantees (5)

Женска акција – Радовиш

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Женска акција е основана во 2005 година со цел создавање на поволни услови за организиран пристап и постојана општествена активност на жените во општина Радовиш и пошироко, обезбедување на соодветна застапеност на жената во сите сфери на јавниот и политичкиот живот во државата, следење, спроведување  и применување на меѓународни конвенции и декларации за заштита на жената и нејзините права, афирмирање на културата на живеење на жената  и семејството, социјална и здравствена едукација на жената, јакнење на социо – економската положба на жената на локално и национално ниво и заштита на жената од семејно насилство.

Имајќи во предвид дека нееднаквите можности во пристапот можат да доведат до голем родов општествен и економски јаз, стратешките определби на Женска акција се фокусирани на подобрување на положбата на жените преку мобилизација и застапување на жените, јакнење на нивните капацитети преку едукација, охрабрување и мотивирање за нивно активно вклучување во креирањето политики на локално ниво, превенција од родово базирано насилство и економско јакнење на жената.

Корисници

Активностите на Женска акција се насочени кон подобрување на жените и девјките од урбаните и рурални заедници, жртви на родово базирано и семејно насилство, невработени, адолесценти, жените од сите етникуми, локалните женски НВО и институции.  ЕЛС  Радовиш и Конче.исто така имаат корист поради тоа што нашите стратешки заложби водат кон исполнување на стратешките приоритети утврдени од страна на општините.

web-grantees (4)

Здружение на граѓани Медиа Плус Штип

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме  медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните  за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.

Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

Корисници

Корист од спроведените активности ќе имаат: Млади, Совети на родители, училишта, граѓани-општа јавност.

Активностите на проектот, односно едукативните работилници, директно инволвираат млади луѓе и родители, кои ќе слушаат, но и споделуваат искуства и ставови на современи и атрактивни теми, како сајбер безбедноста и праватноста, дигиталната злоупотреба и манипулација.

Учеството во работилниците е можност да видат дека не се сами и единствени во овие тнр. дигитални инциденти и обидите за нарушување во нивната приватност.

Видео лекциите и јавната кампања со цел поширока едукација на населението за дезинформации,, како дел од активностите на проектот, е продолжение на напорите за дополнителна едукација и дава дополнителна влијание и на општата јавност.

web-grantees (3)

Доброволно противпожарно друштво Свети Николе

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Стратешката ориентација на организацијата е придонес кон подигната јавна свест, поодговорно однесување на целокупното население и зголемена координација и соработка со релевантните локални, државни институции и бизнис заедницата, во насока на  подобрена едукација на населението, а посебно на младите, со цел намалување на ризик факторите причинители на пожари, елементарните непогоди, сообраќајни несреќи, епидемии и огромните последици предизвикани од истите врз човекот и природата. Превземање на перманентни директни и превентивни кампањи за зголемување на еколошка свест на населението за заштита на животната средина и природата. Зајакнато застапување пред релевантните државни чинители за носење на нов Законот за пожарникарство, компатибилен со најнапредните противпожарни сервиси од Европската унија, со цел унапредување на противпожарниот и спасувачкиот сектор во државата. Формирање на национална Мрежа на ДПД, за успешно застапување пред релевантните државни и локални чинители со цел добивање на константна и стабилна државна финансиска поддршка, унапредување на меѓусебната соработка на друштвата, како и превземање на иницијативи за идни регионални и континентални поврзувањета во мрежи. Унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности, за активно вклучување на жените во т.н. „машки професии“, во кои нашата е убедливо прва во светски рамки. Континуирана промоција на хуманоста, волонтерството и граѓанскиот ангажман. Во следниот период нашата ГО, преку своите органи и тела ќе цели кон подобрување на човечките капацитети,  финансиска одржливост, транспарентноста и отчетноста, функционалноста на управните тела, подобрување на внатрешните процедури, зголемување на видливоста и препознатливоста на организацијата пред потенцијалните поддржувачи и донатори, зголемување на платениот персонал, бројот на волонтери и родовата застапеност.

Корисници

Краен бенефит од сите активности и продукти од работењето на нашата граѓанска организација ќе има целокупната заедница и природата, преку спроведување на пермамнентни комплементарни едукативни и информативни кампањи, пред образовните институции, бизнис заедницата, релевентните државни и локални чинители и општата популација, ставајќи посебен акцент на децата и младите, за стекнување на основни знаења за градење на животни вештини за правилна реакција и постапување при  настанување на пожари, останатите елементарни непогоди, сообраќајни несреќи и епидемии. Неопходноста на спроведување на ваквите кампањи е непостоењето на соодветна едукативна  програма за противпожарна безбедност во образовен систем на државата. Со директни акции на нашата противпожарна единица во процесот на справување со сите видови на инциденти и преку реализација на еколошки и други општествено одговорни кции, позитивно ќе влиаеме на целокупната популација за потенцирање и промоција на подзаборавените општествени вредности:  хуманост, солидарност,  волонтерство и граѓански активизам. Во креирање на јавните политики ќе ставиме силен акцент на  вклучување на жените воо така наречените „машки професии“.

web-grantees (2)

ТРД ТВ СТУДИО ТЕРА МАНГОВСКИ ЗОРАН БИТОЛА ДООЕЛ

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Тера телевизија во текот на своето  30 годишно работење реализирала бројни проекти со што стекнала големо искуство. Својот кадар го надградувала на разни обуки и семинари, благодарение на што нашата медиумска куќа се одликува со висок професионализам во работењето. Независна и професионална, сервис на граѓаните, креатор на јавното мислење во граѓанското општество. Продукција на сопствена програма во области важни за заедницата и развој и унапредување на медиумската писменост, општествената одговорност, зачувување на историските, културните и природните богатства, со акцент на еколошките теми за поттикнување на зголемена еко свесност.
Прилагодување на промените во медиумскиот систем, кои се должат на технолошката револуција и иновациите.

Корисници

Преку јавното информирање на жителите на Пелагонискиот регион, очекуваме дека директна корист од информирањето за процесот на енергетска ефикасност и енергетска безбедност, како и процесот на Праведна транзиција, ќе има населението, но истовремено и локалните власти, како и научната заедница која потекнува од битолскиот универзитет. Бизнис секторот ќе добие повеќе информации како да биде активен учесник во надминување на енергетската криза. Тука е и невладиниот сектор, кој може преку вмрежување со невладиниот сектор од соседна Грција заеднички да аплицираат на енергетски проекти, или образовно-едукативни проекти од областа на енергетската ефикасност и енергетската безбедност.

web-grantees (1)

Здружение за унапредување на новинарските практики – Иновативни Медиуми – Скопје

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението ги штити, промовира и унапредува професионалните стандарди во медиумите преку градење на капацитети на новинарите и ја зајакнува свеста и капацитетот на младите новинари за тие да ја преземат најдобрата можна улога како иновативни новинари што ги почитуваат етичките норми и се активисти за демократија.

Корисници

Преку создавање на медиумски содржини (видео информации и теми) за младите за нивно прецизно информирање на теми од областите безбедност и стабилност и добро управување што ќе го зголеми нивото на ангажираност на младите во решавањето на приоритетните прашања, ќе ги зајакне критички да размислуваат и ќе ги направи поотпорни на дезинформациски кампањи со што ќе придонесеме во создавање на дигитално одговорни млади, отпорни на сајбер безбедносни ризици што на крај влијае на безбедноста и стабилноста и доброто управување.

web-grantees

Организација на жени од Струмица

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и повеќе од триесет години работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности и родова еднаквост, на недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата

Стратегијата на ОЖС се фокусира на подобрување на положбата на жените и девојките преку застапување, мобилизација и јакнење на нивните капацитети за вклучување во процесите на планирање и одлучување, како и на поттикнување, промовирање и застапување на политики на интегриран пристап  за превенција и заштита од родово базирано насилство.

Се стремиме за обезбедување на поголема одговорност од носителите на одлуки и институциите за унапредување на родовата еднаквост и заштита на женските права.

Нашите стратешки определби се насочени и кон одржливо и професионално работење преку  примена и почитување на процедурите за транспарентно и отчетно работење, на следење и оценување на успешноста на внатрешното организациско работење и преку соработка со жени и девојки од урбани и рурални средини, сродни домашни и меѓународни граѓански организации и со институции за прашања кои се од заеднички интерес.

Корисници

Жените и девојките од урбаните и руралните средини, жртвите на родово базирано насилство, членовите и волонтерите на ОЖС, младите, граѓанските организации и неформалните групи кои работат на полиња блиски до Организација на жени од Струмица, надворешните соработници, носителите на одлуки, институциите, медиумите и општата јавност.

web-grantees (2)

Фондација за развој на локалната заедница Штип

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

ФРЛЗ работи на зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на јавни политики и зголемување на одговорноста на граѓаните за решавање на локални проблеми, како и поддршка на младите и младинскиот активизам. Согласно својата мисија и визија, активностите на кои е фокусирана Фондацијата се организирање на јавни настани, истражувања и анализи, развивање методологии, споделување информации, организирање на граѓански и буџетски форуми, дебати, обуки, работилници и консултации на теми за застапување, управување на граѓански организации, управување со проектен циклус, децентрализација, неформално образование, социјално претприемништво и младински активизам.

Корисници

Граѓаните од Штип ќе се мобилизираат и охрабрат да ги решаваат своите проблеми.

Пошироката заедница од Македонија ќе се запознае со моделот на социјално претпријатие за реупотреба на текстилниот отпад.

Вработените во фондацијата ќе ги зајакнат капацитетите од воведените внатрешни политики за безбедност и за собирање и обработка на статистички податоци за корисниците на ФРЛЗ.

web-grantees (1)

Организација на жените на општина Свети Николе

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Стратешките цели на ОЖОСВН ја прикажуваат идеалната односно посакувана состојба која сакаме да ја постигнеме во периодот на времетраење на Стратешкиот план 2020-2024г, а се во согласност со нашите мисија и визија. Во согласност со нашите програми имаме и 3 главни цели. Главна цел на Здравствената програме е да придонесе кон подобра здравствена заштита на населението, а во насока на континуирана помош и поддршка на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, подобрена заштита, превенција и унапредување на здравјето на жените и девојките и унапредена и подобрена грижа за себе и сопственото физичко и ментално здравје. Главна цел на Програмата за деца и млади е младите да бидат препознаени во општеството како значајни чинители кои влијаат и придонесуваат кон позитивни промени во заедницата, а во насока на подобрени и изградени капацитети на децата и младите преку разни форми на неформално образование, зголемено младинско учество, подобрен младински активизам и волонтерство, како и креирани можности и услови за ран детски развој. Најшироката програма е Програмата за човекови права која има за цел да придонесе кон почитување и унапредување на човековите права, со акцент на правата на жените. Оваа програма е насочена во повеќе сегменти односно го промовира концепт на основните човекови права, работи на зголемено учество на жените и младите во процесите на креирање и донесување јавни политики, програми, стратегии, ја унапредува превенцијата, заштитата и елиминацијата на сите форми на родово базирано насилство, како и семејно и врсничко насилство и дополнително е насочена кон воведување на концептот на родова еднаквост во сите сфери на локално ниво. Со цел да ја унапредиме и зајакнеме својата работа во континуитет работиме на подобро позиционирање, видливост и работа на ОЖОСВН кон своите конституенти и креирање на услови за финансиска самодржливост.

Корисници

Целна група на ОЖОСВН се сите граѓани без разлика на нивната припадност и определеност по било кој основ. Директен фокус се жените и младите, но и децата, маргинализираните групи и групите на граѓани во понеповолна општествена положба. Со овој проект се очекува да се влијае на подобрување на целокупната работа, активно функционирање и позиционирање на ОЖОСВН. Со постигнување на предвидените резултати, како подобрена одржливост, зголемена видливост на Организацијата и нејзиното влијание во придонес кон превземање иницијативи и делување врз општествени промени, ннапредена и промовирана Здравствена програма на ОЖОСВН ќе имаат бенефит сите наши целни групи, а посебно жените и девојките заболени и лекувани од малигни болести.