web-grantees

ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија Скопје

Стратешка ориентација на организацијата

ЦЕД ФЛОРОЗОН ги има следните цели и задачи:

  • да ги заштитува интересите на граѓаните поврзани со прашања поврзани со животната средина во Република Македонија;
  • да ја промовира еколошката демократија;
  • да го зајакне владеењето на правото во делот на животната средина;
  • да промовира и остварува одржлив развој во екологијата, земјоделството, туризмот, образованието, здравството и целокупната економија како во руралните така и во урбаните средини;
  • да работи на заштита на правата на граѓаните за пристап до информации;
  • да го поттикнува партиципативното управување со животната средина;
  • да работи на зајакнување на принципите за пристап до правда во животната средина.

 

Резиме на проектот

Предлог-проектот „Механизам за спречување на корупцијата “ е дизајниран да одговори на тековните ќор-сокаци помеѓу владините заложби против општата корупција во земјата и нејзиниот евидентен недостаток на внатрешни напори за санирање на таквата состојба. Предложениот проект се потпира на три основни компоненти кои се меѓусебно поврзани: истражување и анализа, градење капацитети и застапување и јавна свест. Конкретно, проектот ќе работи на зајакнување на улогата на граѓанските организации во спречувањето на корупцијата во животната средина преку унапредување на постојните капацитети и преку обезбедување ефикасен механизам за комуникација и соработка со државните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.

Цел/и на проектот:

Општа цел на проектот е  да даде придонес во борбата против корупцијата преку воспоставување соработка и партнерство помеѓу ГО, граѓаните и клучните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.

Специфичните цели се:

  • Зголемување на капацитетите и знаењето на ГО во антикорупциските практики;
  • Овозможување ефективен механизам за справување со еколошката корупција;
  • Подигнување на јавната свест за еколошките корупциски нишки и нивните последици.

 

Корисници

Преку спроведувањето на 16-месечниот работен план се предвидува значително да се зголемат капацитетите и знаењето на целната група во антикорупциската политика. Понатаму, се очекува дека преку примената на Антикорупцискиот пристап заснован на заедницата, проектот ќе создаде ефективен канал за соработка меѓу локалните конституенти и институциите одговорни за спроведување на антикорупциската политика, т.е. преку развој, промовирање и спроведување на механизам за превенција на корупцијата во животната средина.

 

Главни активности од проектот

1.1 Таргетирање и мапирање на учесниците во проектот

1.2Анализа на антикорупциската правна рамка во областа на животната средина

1.3 Организација на дводневна работилница за еколошка антикорупција

2.1 Подготовка и дисеминација на документ за јавни политики

2.2 Подготовка на Водич за еколошка антикорупција

2.3 Организирање на јавна дебата за корупцијата во животната средина

2.4 Воведување механизам за пријавување на корупција во животната средина – онлајн апликација за пријавување корупциски случаи

3.1 Спроведување на национална кампања

3.2 Промоција на механизмот за пријавување на корупција во животната средина

web-grantees (1)

Коалиција на младински организации СЕГА

Стратешката ориентација на организацијата

Коалиција на младински организации СЕГА е национална младинска чадор организација која работи на  развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој во Република Македонија.

Визијата на СЕГА е младите да делуваат на промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесување на одлуки на локално и национално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.

Стратешки приоритети на СЕГА:

  1. Младински Активизам, Младинско учество и младинско информирање
  2. Развој, поддршка и координација на младински организации и други младински тела
  3. Креирање младински политики и простор за развој на младите во општеството

Резиме на проектот

Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.

Акцијата ќе започне со анализа на Законот за младинско учество и младински политики и ќе се мапираат потребите за интервенција за ефикасна примена на Законот.

Во следната фаза ќе се пристапи кон национална кампања за јавно застапување на потребата од унапредување на Законот за младинско учество и младински политики, за во последната фаза да заврши со развивање на Предлог Закон за измени и дополнување на ЗМУМП кој ќе биде доставен до Собранието, Владата и Агенцијата за млади и спорт.

Резултати на проектот:

  1. Идентификувани потреби за интервенции за ефикасна примена на Законот за младинско учество и младински политики;
  2. Зајакната свеста кај донесувачите на одлуки и јавноста за потребата од унапредување на примената на Законот за младинско учество и младински политики;
  3. Развиен предлог Закон за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики преку широк консултативен процес.

Цел/и на проектот

Општа цел: Да се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики

Специфична цел: Граѓанскиот сектор активно се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество

Корисници

Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 29 години на национално ниво. Проектот ќе придонесе кон унапредување на механизмите за нивно активно учество во донесувањето одлуки и креирање политики преку предлог закон за измени и дополнување на ЗМУМП.

Главни активности од проектот

  1. Анализа на ЗМУМП и мапирање на потреби за интервенција

1.1. Развивање на методологија и анализа на документација

1.2. Прибирање и обработка на податоци и генерирање на извештај

  1. Јавно застапување на потребата од унапредување на ЗМУМП

2.1. Онлајн кампања за јавно застапување за унапредување на ЗМУМП

2.2. Тематски Младински кругови на национално ниво

2.3. Фасилитирање на процес на структурен дијалог

2.4. Фасилитирање на процес на е-учество на младите и младински сектор

  1. Развивање и доставување на Предлог текст на Закон за измени и дополнувања на ЗМУМП

3.1. Креирање на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.2. Онлајн консултации по предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.3. Национална Конференција за презентација на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.4. Финализирање и поднесување на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

web-grantees

Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје

Стратешката ориентација на организацијата

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение на граѓани регистрирано во 1994 година. Комитетот врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи. Цел на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на СРМ, меѓународните инструменти и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата.

Во настојувањето за унапредување и заштита на човековите права и хармонизирање на домашното законодавство и практика со она на Европската унија, Хелсиншкиот комитет: Организира системско набљудување на состојбите со човековите права во земјата; Обезбедува бесплатна правна помош и ги штити индивидуалните, колективните и правата на другите правни субјекти на територијата на Република Северна Македонија и пред меѓународни организации; Подготвува месечни, годишни и посебни извештаи за состојбата со човековите права; Подготвува анализи и други стручни документи поврзани со состојбите со човековите права; Организира конференции, семинари, трибини, јавни акции и други законски форми на граѓанска активност; Го промовира и помага развојот на демократијата, владеењето на правото и граѓанското општество, и врши други работи од јавен интерес согласно Законот за здруженија на граѓани.

Резиме на проектот

Се поголемата употреба на технологијата и користењето на социјални мрежи од страна на младите носи одредени ризици за злоупотреба на нивните податоци, насилство, вознемирување. Тоа, исто така влијае на негативни последици врз менталното здравје на младите, особено на жртвите од булинг и злопутореба како и демнење. Со оглед на возраста, со овој предлог проект би сакале да влијаеме на зголемување на знаењата кај младите за безбедно користење на интернет мрежата но и интернет алатките кои младите ги користат но немаат доволно знаење за целосното функционирање на истите.

Акцијата која ја предлага овој проект ќе делува во областа на превенцијата на младите односно потребата за препознавање на ризиците, заштита и безбедно однесување во дигиталниот простор. Активностите ќе бидат реализирани врз основа на risk based approach human rights approach. Хелсиншкиот комитет за човекови права (МХК) најпрво ќе ги истражи моменталните потреби и знаења младите, соодветно ќе ги обучи и ќе придонесе за поголема заштита во дигиталниот простор. Во однос на проблемите во контекст на државните институции, МХК ќе изработи материјали кои ќе ги достави до релеватните чинители, како Министертсвото за образование и Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) и ќе застапува за вклучување на дигиталната писменост во програмите за образование на децата и младите, како за и вклучување на МИОА во делот на превенција. Со дологорочна цел за делување во оваа област, Хелсиншкиот комитет ќе биде посветен и на зголемување на знаењата на своите вработени како адевкатно би можеле и понатаму да обезбедуваме правна помош на граѓаните и соодветен мониторинг на институциите.

Цел/и на проектот

Општа цел: Унапредување на знаењето на младите, особено оние кои припаѓаат на посебно ранливите групи, за безбедно користење и заштита во интернет просторот.

Специфични цели

  • Зголемување на капацитетите на МХК за дигитална безбедност и заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и меѓународните стандарди
  • Зголемување на свесноста на младите за лична заштита при користење на интернет просторот
  • Информираност и вклученост на релевантните институции за делување во превенција и едукација за сајбер безбедност и заштита на правото на приватност
  • Зголемување на свесноста на општата јавност за дигитална безбедност и значењето на заштитата на личните податоци

Корисници

  • Млади од средните училишта, пред се членството на младинските организации и сојузи, со посебен фокус на ранливи категории, како девојчиња, Роми, ЛГБТИ+ и лица со попреченост
  • Даватели на бесплатна правна помош и застапување – вработени во МХК
  • Општа јавност која користи социјални мрежи

А очекуваните резултати со цел влијание врз горенаведените корисници се:

  • Зголемени капацитети и знаење на вработените во МХК за дигиталната безбедност, кои работат на заштита на човековите права
  • Зајакнати механизми за заштита на младите, со посебен фокус на оние кои припаѓаат на различни ранливи категории, за лична безбедност во интернет просторот
  • Зголемена свесност на општата јавност за дигиталната безбедност и значењето на заштитата на личните податоци

Главни активности од проектот

  • Спроведување на двоневен експертски треенинг за вработени во МХК
  • Спроведување на основно истражување за моменталното знаење кај младите за користење на онлајн алатаки/однесување во онлајн просторот
  • Спроведување на две школи за млади
  • Изработка на материјали за дигитална безбедност
  • Организирање на панел дискусија со релевантни иституции
  • Изработка на кампања за подигање на свест на општата јавност
2 Нац конференција-Македонија

Втора национална конференција во С. Македонија: СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан

Во рамки на проектот СМАРТ Балкан се организира втора Национална конференција, која ќе се одржи на 08 јуни 2023 во х. Александар Палас, со почеток во 09:30 часот.

Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам.

Конференцијата претставува одлична можност за дискусија на актуелни теми и вмрежување на граѓанските организации, а ќе бидат споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови. На конференцијата ќе бидат потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија – Национални интервенции.

Имајќи предвид дека настанот ќе биде од хибриден карактер, бројот на учесниците со физичко пристуство е ограничен. Ве замолуваме навремено да се регистрирате на линкот во продолжение и да го одберете начинот  на кој што сакате да го следите настанот (физичко присуство/онлајн).

Линк за регистрација

СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.

web-grantees

Здружение на граѓани НВО КХАМ Делчево

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Невладина организација КХАМ Делчево е граѓанска организација која преку информирање, едуцирање, влијание врз политики и обезбедување услуги им помага на Ромите и маргинализираните групи и жените да се ангажираат за да ги остварат своите граѓански права и да ја подобрат својата економска положба.

Области на кои НВО ,,КХАМ“ делува  се:

  • образование
  • невработеност
  • здравство
  • домување
  • човекови права
  • постигнување на родов баланс
  • млади
  • развој на внатрешните капацитети на КХАМ

 

Корисници

Четиринаест НВОи и нивните конституенти,а врз основа на транспарентниот пристап на добиените информации од Инспекторатите и целокупното население од Општина Делчево. На овој начин жителите на Делчево ќе можат да ги користат Инспекторатите согласно нивната превентивна улога и целите за кои се формирани.

web-grantees (1)

Организација за домување и станари ОДС

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Организацијата за домување и станари – ОДС е Здружение на граѓани основано во 2022 година, како организација за унапредување на домувањето, животните услови и правата на станарите во Република Северна Македонија.

ОДС е организација која спроведува анализи на состојбите, статусот и правата на станарите и домувањето, изработува стручни мислења, нуди решенија за унапредување на правната рамка и надминување на проблемите со кои се соочуваат станарите во Македонија. ОДС спроведува програми и активности за подигнување на свесноста за правата на достоинствено и пристапно домување за сите граѓани и презентира разни глобални иновации од светот во однос на домувањето.

ОДС се залага за кревање на јавната свест и знаење за станарите како специфичните форми на домување и се стреми да влијае врз актуелните текови за позитивни општествени промени.

 

Корисници

Mладите луѓе во Скопје се борат да пристапат до безбедно, достапно и соодветно домување. Факторите како што се сиромаштијата, невработеноста и високите трошоци за живот може да им отежнат на младите луѓе да најдат и одржуваат пристојно домување. Нашиот проект се заснова на обединет напор на организациите за домување од Босна, Северна Македонија и Црна Гора да работат на активно вклучување на младите во изнаоѓање на решенија за нивно соодветно домување

Важен е фактот што студентите кои живеат во студентските домови многу ретко се активни во граѓанските организации. Затоа овој проект ќе има клучна улога во поддршка на потребите на младите и нивно активно ангажирање и вклучување во акции на тема соодветно домување.

Неформална група СКОРО

Членови на неформалната група: Виктор Бужаров, Наталија Славковска, Никола Ристески, Матеа Јанковска, Ивана Атанасова, Филип Куновски, Александар Бошков.

Тоа што ја соединува оваа група на артисти е креирање на проактивна содржина инспирирана од социјалните случувања и за потребите на општеството. Групата е креирана по самоиницијатива на сите членови, наоѓајќи заеднички интерес во креирање на перформанс кој ќе биде гласноговорник за оние кои не можат или не смеат да говорат за себе.

За проектот

Проектот е констуиран со цел да биде применлив за широката јавност и цели да ги ги опфати сите лица постари од шеснаесет години без разлика на нивната родова или етничка припадност. „Два пати Мери“ е проект кој што се фокусира да ја зголеми јавната свест за неопходноста на поддршка за лицата жртви на насилство првенствено од општеството во социјален аспект и следствено на тоа од државните институции. Перформансот ги адресира ограничувањата што македонското општество ги има со тоа што се става себе во позиција на мегафон на жртвите на насилство и истовремено гарантирајќи ја нивната анонимност со цел во иднина да исчезне табуизирањето на жртвите и да придонесе на здрава и демократска дискусија за тековните проблеми. Во ова отфрлањето на табуата е лоцирана главната потреба од граѓанскиот сектор.

web-grantees (9)

Центар за едукација и развој – ЦЕД

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е основан во 2006 година во Тетово, Македонија, со цел да инспирира критичко размислување и развој на младите преку неформално образование и волонтирање. Како организација се залагаме да инвестираме во развојот на младите преку неформално образование, младинска работа и волонтирање, со цел да се мотивираат креативни иницијативи и соработки меѓу етницитетите кои живеат во регионот.

Организацијата идентификуваше пет стратешки насоки за дејствување, како што се: институционален развој, образование, екологија и интеркултурно учење, користејќи ги за постигнување на три вредности: соработка, образование и еднаквост.

Нашата мисија: да инвестираме во развојот на младите преку неформално образование, волонтирање и младинска работа, поттикнување креативни иницијативи и меѓусебна соработка. Нашата визија: Младите луѓе имаат вештини, знаења и ставови да преземаат иницијативи и да изградат здрава и развиена заедница каде мирно коегзистираат различни етникуми.

Корисници

Во рамките на проектот Smart Balkan, придобивки од нашата работа ќе имаат младите од општина Боговина и општина Теарце, кои ќе имаат младински стратегии. Локалните организации како што се Локалните младински совети и институциите на локалната самоуправа како што се општините, исто така, ќе имаат корист овде.

web-grantees (8)

Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Ц.С.И. НАДЕЖ работи активно на полето на поддршка на ранливите групи преку проекти за:

  • поддршка во образованието на деца и млади, со акцент на Роми
  • поддршка во интеграција на девојки преку овозможување пристап до образование и понуда на активности за исполнување на слободното време
  • жените, исто така се опфатени со поддршка за да ја подобрат својата социјална и економска состојба преку развој на долгорочни механизми за самопомош
  • поддршка и помош на едукативниот процес, социјална интеграција на децата и младите и поддршка на мултиетничка димензија меѓу различни националности во рамките на заедницата
  • реинтеграцијата на лица доброволни повратници од Европските земји, преку обезбедување на помош и поддршка, за нивно поуспешно интегрирање во општествените процеси.

Од 1997 година до денес, Ц.С.И. Надеж има дадено поддршка на повеќе од 6950 деца, 1670 млади, 2150 жени, 185 постари личности, 5565 семејства и 989 повратници (баратели на азил) во Скопје и 337 повратници во другите градови во Македонија преку реализираните проекти и активности.

Корисници

Корист од реализирање на проектот “Иницирај – Реализирај – Промени” ќе имат следниве целни групи:

-локалната зедница

-локалната самоуправа

-основни училишта

-деца во основни училишта

-пошироката јавност

Преку онлајн анкета ќе се мапираат капацитетите на локално ниво, како и акти и процедури кои се користат за постапување во случај на елементарни непогоди и закани.Сето тоа ќе претставува идна насока за работа на формираната работна група која донесат препораки за подобрување/унапредување на постоечкит планови/процедури за постапување во случај на елементарни непогоди, на локално ниво.Преку воспоставување на добра соработака меѓу локалните училишта, општинската организација на Црвениот Крст , Дирекцијата за спасување, МВР и локалната власт ќе се  реализира обука и симулациони вежби во најмалку 4 училишта на локално ниво.Со оваа обука ќе се формирааат и обучат најмалку 4 ученички превентивни тимови на локално ниво.Едно пилот учлиште во раммки на оваа иницијатива ќе добие истакнати планови за евакуација на видно место со јасно одбележани излези во училиште. Во текот на целиот проект  ќе се спроведува  промотивна кампања на социјалните медиуми за подигнување на свеста на пошироката јавност на локално ниво за иницирање и вклучување  во иницијативи за превенција од елементарни непогоди и закани.

web-grantees (7)

Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување.
Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево

Мисијата на ЛАГ Агро Лидер е да промовира и да придонесекон одржлив рурален развој на територијата на Општина Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал преку заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор Агро Лидер постапува согласно 7те принципи на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот: Локална стратегија за развој заснована на одредена област, Локално јавно-приватно партнерство, Пристап “од долу нагоре”, Интегриран и повеќе секторски пристап, Иновации, Соработка и Вмрежување.

Стратешки цели и приоритети
1. Да се зголеми вработеноста во руралните средини, особено вработувањето на млади лица и жени
2. Подобрување на конкурентност во земјоделско-преработувачкиот сектор
3. Да се заштити животната средина на територијата на ЛАГ-от
4. Да се подобри квалитетот на живот во руралните средини
5. Да се зајакне интитуционално ЛАГ-от

Корисници

Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево.

ЛАГ Агро Лидер на населениетово руралните средини им овозможува:

  • Развивање на мрежа на партнери на територијата на која делува ЛАГ;
  • Информирање на јавноста во руралните средини за принципите на одржливиот рурален развој и ЛЕАДЕР пристапот;
  • Создавање на професионални, оперативни, материјални и физички предуслови за заедничко планирање, подготока и спроведување на развојни проекти на територијата на која делува ЛАГ-от;
  • Промовирање на концептот на одржлив развој преку подобра употреба со користење на пристапот “оддолу-нагоре” согласно политиката за рурален развој и регионалната политика на ЕУ;
  • Поставување на приоритети за развој на руралните средини;
  • Залагање за истражување и примена на алтернативни технологии за производство на енергија: сончева, хидро и енергија на ветерот и рационално трошење на на енергијата добиена од класични извори на енергија во руралните средини;
  • Промовирање на иницијативи за да се постигнат целите на ЛАГ-от, во согласност со Статутот и принципите на ЛЕАДЕР пристапот;
  • Застапување и лобирање пред одговорните институции во Република Македонија и странство за прашања кои ги засегаат членовите;
  • Следење на законодавството и објави за јавни повици, фондовите и можностите за финансирање од интерес на членовите на ЛАГ-от и нивно информирање;
  • Планирање и подготовка на заеднички проекти за рурален развој на територијата на која делува ЛАГ-от;
  • Пријавување и спроведување на проекти за рурален развој;
  • Давање на советодавна и техничка поддршка на членовите на ЛАГ-от за подготовка и изработка на проектната документација;
  • Соработка со други ЛАГ-ови, агенции за развој, образовните институции и надлежните органи со цел едукација на своите членови и спроведување на заеднички проекти и активности,
  • Градење на капацитетите на членовите и други заинтересири страни на територијата на која делува, преку организирање и одржување на обуки, работилници, научни и стручни советувања и сл;
  • Организација на студиски и стручни патувања;
  • Соработка со сродни домашни и меѓународни организации; и
  • Соработка со надлежните органи во Република Македонија и ЕУ, како и размена на искуства и знаења со другите заинтересирани страни во областа на руралниот развој.