web-grantees (7)

Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување.
Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево

Мисијата на ЛАГ Агро Лидер е да промовира и да придонесекон одржлив рурален развој на територијата на Општина Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал преку заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор Агро Лидер постапува согласно 7те принципи на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот: Локална стратегија за развој заснована на одредена област, Локално јавно-приватно партнерство, Пристап “од долу нагоре”, Интегриран и повеќе секторски пристап, Иновации, Соработка и Вмрежување.

Стратешки цели и приоритети
1. Да се зголеми вработеноста во руралните средини, особено вработувањето на млади лица и жени
2. Подобрување на конкурентност во земјоделско-преработувачкиот сектор
3. Да се заштити животната средина на територијата на ЛАГ-от
4. Да се подобри квалитетот на живот во руралните средини
5. Да се зајакне интитуционално ЛАГ-от

Корисници

Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Прилеп, Кривогаштани и Крушево.

ЛАГ Агро Лидер на населениетово руралните средини им овозможува:

  • Развивање на мрежа на партнери на територијата на која делува ЛАГ;
  • Информирање на јавноста во руралните средини за принципите на одржливиот рурален развој и ЛЕАДЕР пристапот;
  • Создавање на професионални, оперативни, материјални и физички предуслови за заедничко планирање, подготока и спроведување на развојни проекти на територијата на која делува ЛАГ-от;
  • Промовирање на концептот на одржлив развој преку подобра употреба со користење на пристапот “оддолу-нагоре” согласно политиката за рурален развој и регионалната политика на ЕУ;
  • Поставување на приоритети за развој на руралните средини;
  • Залагање за истражување и примена на алтернативни технологии за производство на енергија: сончева, хидро и енергија на ветерот и рационално трошење на на енергијата добиена од класични извори на енергија во руралните средини;
  • Промовирање на иницијативи за да се постигнат целите на ЛАГ-от, во согласност со Статутот и принципите на ЛЕАДЕР пристапот;
  • Застапување и лобирање пред одговорните институции во Република Македонија и странство за прашања кои ги засегаат членовите;
  • Следење на законодавството и објави за јавни повици, фондовите и можностите за финансирање од интерес на членовите на ЛАГ-от и нивно информирање;
  • Планирање и подготовка на заеднички проекти за рурален развој на територијата на која делува ЛАГ-от;
  • Пријавување и спроведување на проекти за рурален развој;
  • Давање на советодавна и техничка поддршка на членовите на ЛАГ-от за подготовка и изработка на проектната документација;
  • Соработка со други ЛАГ-ови, агенции за развој, образовните институции и надлежните органи со цел едукација на своите членови и спроведување на заеднички проекти и активности,
  • Градење на капацитетите на членовите и други заинтересири страни на територијата на која делува, преку организирање и одржување на обуки, работилници, научни и стручни советувања и сл;
  • Организација на студиски и стручни патувања;
  • Соработка со сродни домашни и меѓународни организации; и
  • Соработка со надлежните органи во Република Македонија и ЕУ, како и размена на искуства и знаења со другите заинтересирани страни во областа на руралниот развој.