finance officer

Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија

Опис

Целта на интервенцијата е да се подготват материјали и да се спроведат обуки за измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки со цел подготовка и спроведување на постапки за јавни набавки; следење и анализа на функционирањето на системот за јавни набавки; засилената улога на административниот надзор и превентивните мерки пред објавувањето на огласите и тендерската документација; како и воспоставување индикатори за следење на ризиците во јавните набавки.

Цели на интервенцијата

Целта на интервенцијата е подготовка на материјали и одржување на обуки кои се во контекст на законските измени, нивната примена, како и улогата на сите заинтересини страни во контекст на: подготовката и спроведувањето на постапките за јавни набавки; следењето и анализата на функционирањето на системот на јавни набавки;  зголемената функција на административната проверка и превентивното делување и постапување пред да се објави огласот и тендерската документација; како и воспоставувањето индикатори за следење на ризиците во јавните набавки (т.н. „Црвени знаменца“)

Целни групи

Општините – вработените во одделите јавни набавки

Главни активности

  • Подготовка на мини анализа – насоки за примена на измените на законската регулатива
  • Изработен – модел на упатство за јавни набавки
  • Организирање и одржување на (четири) регионални работилници
  • Собирање на податоци преку ЕСЈН за воспоставување индикатори за следење на ризиците во јавните набавки (црвени знаменца).
  • Одржување на завршен настан
  • Подготовка на наративен и финансиски извештај