web-grantees (6)

Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението РУБИКОН делува на

  • Промоција на неформалното образование меѓу граѓаните, со акцент на деца и млади и професионалци кои работат со деца и млади
  • Развој на граѓанското општество, демократијата и демократските институции
  • Промовирање и унапредување на заштитата на човековите права и слободи граѓанските вредности и правата на ранливите категории на граѓани во општеството;

Фокусот за следниот период е продолжување на дваесет и петгодишните заложби за што поголема вклученост на деца и млади во неформална едукација.

Рубикон продолжува со организирање активности, тренинзи, едукации со деца и млади и нивните родители, наставен кадар за врсничко насилство, за намалување на поларизираноста кај младата популација  и за јакнење на личниот интегритет и справување со коруптивните практики во млада возраст. Тимот на Рубикон  ќе го продолжи континуитетот во јакнење на професионалните капацитети на вработените во системот на детска заштита.

Преку акредитираната програма „Справување со врсничко насилство и кибернасилство“ на Бирото за развој на образованието, Рубикон ќе продолжи да делува на национално ниво во полето на превенција и справување со врсничко насилство за наставници, стручни служби и ученици во основно и средно образование.

Предложување на иницијативи, мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби со цел унапредување на регулативата во областите на делување на Здружението;

Преку уникатната форум театарска техника Рубикон го продолжува третирањето на општествените проблеми и ги зајакнува личните капацитети. Рубикон ќе ја одржува воспоставената мрежа и долгорочна соработка со партнер организации и ќе поттикнува нови партнертства и соработки.

Корисници

Средношколци и наставен кадар – преку форум театарските претстави ќе стекнат увид, јасна слика и знаења за поимот корупција, како и вештини за справување за пријавување на коруптивно однесување. Ќе се подигне свесноста за распростанетоста на корупцијата во сите сегменти на општественото живеење.

Млади политичари – преку споделување на ставовите и мислењата ќе се овозможи градење на унифицирана перцепција за фактичката состојба со корупцијата во државата. Младите политичари ќе имаат унапреден личен интегритет, индивидуална одгворност, проактивност и нулта толеранција за корупција

Јавна администрација – На работните состаноци ќе се анализира годишната програма во областа на превенција и справување со корупцијата. Ќе стекнат увид во фактичката состојба, како и во функционалноста и примената на Програмата со сите планирани активности.