Добре дојдовте
СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан
Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), во соработка со партнерските организации Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија го спроведуваат проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, со грант во вредност од над 17 милиони евра.
Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) потпиша договор со Норвешкото Министерство за надворешни работи на 6 декември 2021 година.
Зошто поврзано општество на Западен Балкан?
Во последните неколку години, во регионот на Западен Балкан јасно се забележува трендот на масовна миграција. Лошата перспектива за младите, широко распространетата корупција на сите нивоа на владеење, нискиот животен стандард и политичката нестабилност се само дел од предизвиците со кои се соочуваат луѓето во регионот. Многумина не можат да најдат работа за која се обучиле додека не ја напуштат татковината, а кога ќе се одлучат да заминат, во тоа им помагаат други луѓе од Западен Балкан кои се во странство. Значи, се поставува прашањето - ако можеме да соработуваме надвор, зошто да не и дома? Одговорот лежи во незаинтересираноста на оние кои се одговорни за создавање подобар живот за обичните луѓе. Поделено општество е општество кое лесно се манипулира и има ниска компетентност. Затоа, должност на граѓанскиот сектор во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија е да биде врската меѓу земјите што ќе ни овозможат да бидеме успешни внатре, но и надвор од границите на сопствената земја, преку градење на темелите за подобра иднина за целиот Западен Балкан.
Амбасадорот на Кралството Норвешка во БиХ, Олав Рајнертсен и директорката на CPCD, Аида Дагуда
Проектот ги опфаќа следните теми:
Градење на капацитетите на ГО за посилна и поактивна улога
Создавање регионални партнерства помеѓу ГО
Зголемена ефективност на промените иницирани од граѓаните преку ГО кои ги унапредуваат безбедноста и стабилноста и владеењето во регионот на Западен Балкан
Зголемена јавна свест за важноста на активното учество на граѓанскиот сектор во клучните развојни иницијативи
Фокусот на проектот е распределба на повеќе од 450 грантови, градење капацитети на ГО, медиуми и граѓански групи и кампањи, сите поврзани со две тематски области:
• Безбедност и стабилност
• Yправување
Со цел да се вклучат голем број квалитетни соработници, повеќе од 600 граѓански организации ширум Западен Балкан ќе добијат поддршка за градење капацитети, менторство, како и техничка и финансиска поддршка преку шема за грантови за проекти. Овие активности ќе се фокусираат на одредени предизвици со кои се соочени граѓанските организации од регионот, како што се предизвиците поврзани со нискиот капацитет и маргинализација, ограничен проток на информации, недостаток на ресурси и др. Исто така, ниската свест кај граѓаните за нивната способност да влијаат на промените е едно од клучните прашања во земјите од Западен Балкан. Затоа, подигањето на свеста за важноста на учеството на граѓаните во демократските процеси е еден од клучните аспекти на проектот кој ќе изгради основа за натамошно зајакнување на партиципативната демократија.
7 видови на грантови во рамки на грантовата шема:
- ОПЕРАТИВНИ ГРАНТОВИ
- НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
- МЕДИУМСКИ ГРАНТОВИ
- РЕГИОНАЛНИ ГРАНТОВИ
- ЛОКАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ
- КРЕАТИВНА КУТИЈА
- АД ХОК ГРАНТОВИ
СМАРТ ФАКТИ
СМАРТ Балкан низ бројки
Jакнење и поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Западен Балкан