Краток опис на стратешката ориентација на организацијата
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) е здружение на организации во кое се вклучени здруженија и фондации од Република Македонија на доброволна основа. НМСМ е претставнички орган на младинските организации во Македонија. Советот обединува 50 организации: 10 младински организации, 19 организации за млади, 1 синдикат, 3 младински крила на други организации, 2 студентски синдикати и 15 асоцирани членови. Од 29 ноември 2015 година, НМСМ е дел од европското семејство на младински организации, познато како Европски младински форум (EYF)
Стратешки фокус на НМСМ:
НМСМ стратегиски се фокусира на зајакнување на младинското претставување, застапување и учество на локално и национално ниво. Како претставнички орган на младинските организации, НМСМ работи на подобрување на улогата на младите во донесувањето одлуки, развој на инклузивни политики и поддршка на младинскиот активизам. Основните цели на НМСМ вклучуваат овластување на младинските организации, промоција на неформално образование, застапување за правата на младите и промоција на еднаквост, толеранција и демократија. Стратешките приоритети на Советот се фокусирани на зајакнување на младинската организација, зголемување на учеството на младите во управувањето и подобрување на социјалната позиција на младите преку градење капацитети, застапување на политики и инклузивни модели на учество.
Стратешки приоритети на НМСМ:
Стратешки приоритет 1: Поддршка и зајакнување на младинската организација, развој на капацитети и позиционирање на младинските организациски форми.
Стратешки приоритет 2: Зголемено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на национално и локално ниво.
Стратешки приоритет 3: Зајакнување на социјалната позиција на младите и напредување на младинските стандарди и права.
Опис на проектот
Проектот „Функционални механизми за активна младинска партиципација на национално ниво“ се фокусира на подобрување на учеството на младите во процесите на креирање политики и развој на програми кои директно или индиректно го обликуваат животот на младите во Северна Македонија. Иако Законот за младинско учество и младински политики законски предвидува механизми за учество на младите на национално и локално ниво, клучни структури како што се Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика сè уште не се воспоставени. Оваа празнина го оневозможува ефективното претставување на перспективите на младите во процесите на донесување одлуки.
За да се реши ова, проектот се фокусира на воспоставување на овие механизми и обезбедување на нивно ефикасно функционирање преку развој на упатства во согласност со законот. Планираните активности имаат за цел да донесат видливи резултати кои ќе придонесат за ефикасна, целосна и конзистентна имплементација на Законот за младинско учество и младински политики.
Очекувани резултати
- Подготвени прирачници со конкретни функционални насоки за работеньето на Националното собрание на млади и Националното совотодавно тело, кои обезбедуваат транспарентни процедури, одговорност и усогласеност со Законот за младинско учество и младински политики
- Одржана конститутивна седница на Националното младинско собрание во согласност со законските регулативи.
- Избрани претставници на младите во Националното советодавно тело за младинска политика.
- Зголемен број на млади луѓе и младински организации кои учествуваат во политичките и социјалните процеси преку националните младински механизми.
- Подобрена свесност кај младите, младинските организации и донесувачите на одлуки за важноста на учеството на младите во креирањето политики.
Цели на проектот:
Општата цел: Да се зајанкне учеството на младите во процесите на носење одлуки на национално ниво преку воспоставување механизми во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Специфични цели:
• Поддршка на ефикасното функционирање на Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика преку развој и усвојување на раководства со точни упатства за нивната структура и задачи, во согласност со релевантниот правен оквир.
• Обезбедување инклузивно и легитимно претставување на младите во националните процеси на донесување одлуки во согласност со законските регулативи.
• Подигнување на јавната свесност за важноста на воспоставувањето функционални механизми за учество на младите на национално ниво во креирањето и имплементацијата на младински политики и програми.
Целни групи:
Целните групи на проектот се млади лица на возраст од 15 до 29 години, младински организации, граѓански организации кои работат на младински прашања, и претставници од јавни институции вклучени во креирањето и имплементацијата на младински политики и програми.
Крајните бенефициенти се сите млади луѓе во Северна Македонија кои ќе имаат корист од воспоставувањето на Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика, бидејќи овие механизми ќе ги претставуваат нивните интереси во процесите на донесување одлуки на национално ниво.
Главни активности:
Развој на раководства за функционирање на Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика
- Анализа на најдобрите практики за функционирање на националните механизми за младинско учество;
- Развој на нацрт верзии на раководства за Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика;
- Консултативен состанок со формите на младински организации за подготовените раководства;
Воспоставување на Националното младинско собрание и Националното советодавно тело за младинска политика
- Формирање на иницијативен комитет за свикување на Националното младинско собрание;
- Подготовка и одржување на конститутивната седница на Националното младинско собрание;
- Усвојување на подготвените раководства од страна на Националното младинско собрание;
- Избор и именување на претставници на младинскиот сектор во Националното советодавно тело за младинска политика;
Промотивна кампања за важноста на воспоставувањето функционални механизми за младинско учество на национално ниво
- Прес конференции;
- Онлајн кампања.