ozs-logo

Организација на жени од Струмица

Опис

Методологијата на Општина Струмица за распределба на средства за поддршка на проекти на граѓански организации (ГО) не ги одразува нивните потреби и не соодветствува со висината на грантовите. Во 2018 година општината изврши промена на постечката методологија за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации и ја усвои ЛОД методологијата, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финанансирана од Европската Унија и спроведуванa од страна на УНДП. Иако оваа програма заврши во 2020 година, општината, без претходни консултации со засегнатите страни, продолжи да ги распределува средствата на ГО врз основа на истата. Со новата методологија, за разлика од претходната, ГО се исклучени и од процесите на носење одлуки за распределба на средствата за поддршка на предлог проекти и од следење на резултатите на поддржаните проекти.

Проектот е насочен кон развој на инклузивно – партиципативен процес за изработка на методологија која ќе ги одразува потребите и приоритетите на засегантите страни (ГО, уметници, културни работници и носители на одлуки) во Општина Струмица.  Ваквата методологија ќе овозможи потранспарентен и отчетен процес при распределба на средствата за финансиска поддршка на ГО.

 

Цели на интервенцијата

Целта е насочена кон унапредување на практиките на општина Срумица за распределба на буџетските средства наменети за поддршка на граѓанските организации, преку  партиципативно учество на засегнатите страни во развојот на транспарентен и отчетен модел.

Целни групи

  • Претставници на граѓански организации, уметници и културни работници кои делуваат на територијата на Општина Струмица;
  • Вработени во општинската администрација;
  • Носители на одлуки

Главни активности

  • Информативен состанок со ГО, општински службеници, советници/чки и културни работници
  • Организирање работилници за изработка на методологија за финансиска поддршка на ГО
  • Развој на методологија за распределба на средства на ГО
  • Активности за застапување на методологијата (средби со општински власти и писма за застапување)