59

Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Гласен Текстилец е организација формирана во 2017 година од страна на текстилни работнички и активисти за човекови права, од тогаш до денес работиме на локално, национално и меѓународно застапување. Нашата мисија е да имаме граѓани кои се дел од пазарот на трудот/работници, се со висока свест, едуцирани, информирани и ги уживаат своите права, така ние ќе бидеме водечка организација за остварување на работничките и човековите права во Република Северна Македонија, како и заштитници на доброто владеење и управување, се со цел кон унапредување на работничките права.

За да го постигнеме сето ова ние имаме неколку програми, како што се:

  1. Почитување на работничките права и унапредување на социјалниот дијалог на локално и национално ниво;
  2. Здравје и безбедност при работа;
  3. Унапредување на родовата еднаквост и елиминација на родово-базираните дискриминација;
  4. Млади, активизам и волонтеризам;
  5. Европски интеграции;
  6. Програма за зајакнување на институционалните капацитети на организацијата:
  7. Програма за економско зајаканување на жени и девојки.

Трите приоритети на нашите програми и проекти се:

  • Сите работници си ги знаат своите права.
  • Државните институции и приватниот сектор ги почитуваат правата на работниците.
  • Нашиот организациски развој за зајакнување и одржување на персоналот и нивните капацитети во однос на програмите, финансиските/административните операции и видливоста на организацијата.

Полиња во кои ќе работиме следните години:

  1. Едукација;
  2. Истражување;
  3. Застапување и лобирање;
  4. Правна поддршка и совети.

Корисници

  • Општата јавност;
  • Текстилните работнички;
  • Претставници на граѓански организации;
  • Носители на одлуки;
  • Претставници на државни институции;
  • Работници од цел приватен сектор;
  • Вработени во Гласен Текстилец.