343422226_1279718119298109_1267159268330916770_n

Церемонија за доделување грантови во С. Македонија | 28.04.2023

Ни претставува особено задоволство да ве информираме дека на 28.04.2023, проектниот тим на СМАРТ Балкан додели 14 грантови, од кои десет (10) грантови за Локални иницијативи, два (2) гранта за Креативни кутии и два (2) Медиумски гранта на граѓански организации, правни субјекти и неформални групи од С. Македонија.

На Церемонијата беа формално претставени корисниците на грантови во рамки на јавните повици за доделување грантови за Локални иницијативи, грант Креативна кутија и Медиумси грант. На повиците беа пристигнати 79 апликации од С. Македонија, од кои 76 поминаа административна проверка и беа бодувани од Комисија за евалуација на проекти, а 14 се добитници на грант. Доделените грантови ќе се реализираат во наредните 6 и 12 месеци, додека фокусот на поддржаните проекти ќе биде насочен кон клучните теми на проектот, односно безбедност, стабилност и управување.

Извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, г-ѓа Марија Ристеска, во својот поздравен говор истакна е особено среќна и горда што кругот на соработници и партнери се проширува со 14 нови грантисти кои што ќе иницираат промени и во заедниците и на национално ниво, преку вмрежувања и заедничко делување. Резултатите од акциите на нашите соработници и партнери несомнено многу би придонеле кон главните цели на проектот, а тоа е поголема безбедност и стабилност, како и добро управување во целиот регион. Остварувањето на овие цели и можно и заради поддршката и довербата која што Кралството Норвешка ја довери на нашиот конзорциум која што финансиски изнесува повеќе од 17.5 милиони ЕУР. Самиот факт дека конзорциумот е составен од локални организации дополнително придонесува кон зајакнување на локалните капацитети на организациите.

Г-ѓа Нела Јовиќ, виша советничка за проекти при Амбасадата на Кралството Норвешка во С. Македонија, со седиште во Белград, посочи дека Норвешка и  С. Македонија веќе 30 години имаат успешно партнерство преку воспоставените билатерални односи кои што годинава одбележуваат јубилеј. Главна цел на Норвешка е да придонесе кон безбедноста и стабилноста во регионот на Западен Балкан и воспоставување на добро владеење засновано на демократски вредности. Оттука, Норвешка смета дека евроинтегративните процеси се клучни и целосно ги поддржува напорите на земјата во таа насока, вклучително и на граѓанскиот сектор. Г-ѓа Јовиќ истакна дека е свесна за тежината на работата на граѓанските организации со оглед дека се еден вид на баланс помеѓу власта и потребите на нивните конституентите.  На крај, таа истакна во духот на проектот, дека очекува граѓанските организации „паметно“ (SMARTly) ќе ги искористат грантовите.

Добитници на грант Локална иницијатива:

  1. Доброволно противпожарно друштво Свети Николе со проект “Ги учиме најмладите за опасностите и постапките за безбедност при пожари!!!”
  2. Здружение на граѓани НВО „КХАМ“од Делчево со проект “Инспекторатите во служба на граѓаните”
  3. Здружение на граѓани Медиа Плус со проект “Сигурни во виртуелниот свет”
  4. Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија “Женска Акција” Радовиш со проект “Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените”
  5. Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје со проект “Силни млади – моќна заедница”
  6. Организација на жени од Струмица со проект “Унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село”
  7. Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер со проект “Промените започнуваат на локално ниво”
  8. Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ со проект “Иницирај – Реализирај – Промени”
  9. Организација за домување и станари ОДС со проект “Активни млади за соодветно домување”
  10. Центар за едукација и развој – ЦЕД со проект “Младинско учество во руралните средини”

Добитници на грант Креативна кутија:

  1. Организација на жени од Струмица со проект “#Сподели, заштити се!”
  2. Неформална група “СКОРО” со проект “Два пати Мери”

Добитници на Медиумски грант:

  1. Здружение за унапредување на новинарските практики ИНОВАТИВНИ МЕДИУМИ – Скопје со проект “Медиумите за младите: Промовирање на дигитална безбедност и добро управување”
  2. ТРД ТВ Студио “ТЕРА” Манговски Зоран Битола ДООЕЛ со проект “Подобрување на енергетска безбедност на Пелагонискиот регион преку процесот на праведна транзиција – состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии”