Vizual_redukcija sredstava

Норвешкото Министерство за надворешни работи воведува намалување на средствата во 2024 година

По промената на политичките приоритети, меѓу другото поради војната во Украина и кризата на Блискиот Исток, норвешкото Министерство за надворешни работи најави дека ќе има значително намалување на средствата за развој на земјите од Западен Балкан во 2024 година и во наредните години. Намалувањето на расположливото финансирање ќе влијае на регионалните партнери за соработка договорени преку вториот јавен повик и планираните проекти.

Нов контингент на помош за областите на кои им е потребна ќе се обезбеди преку реалокации на постоечките буџетски средства на Норвешка. Овие реалокации на финансиски средства имаат влијание врз проектот SMART Balkans во 2024 година.

Средствата на SMART Balkans ќе се намалат во износ од 54 770 000 NOK, што значи дека во 2024 година ќе се менува динамиката на јавните повици како и дека ќе се променат вкупните износи на расположливите средства за 2025 година, а за дел од постоечките грантови на корисниците ова намалување на буџетот ќе значи разумно намалување на нивните буџети. Секој главен апликант за грант од вториот повик ќе биде контактиран и информиран за влијанието на оваа одлука врз нивниот конкретен договор за грант.

Активностите (освен грантови) во рамките на проектот во 2024 година ќе бидат значително намалени.

Конзорциумот SMART Balkans вложува дополнителни напори во редизајнот на проектот, со цел целиот пристап кон новонастанатата ситуација да има што е можно помало влијание врз проектот SMART Balkans, корисниците на грантови и очекуваните резултати.

Tags: No tags