60

Транспаренси Интернешнл- Македонија

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

ТИ-М преку својата работа и активностите што ги спроведува во рамките на различни проекти е насочен кон подобрување на правната рамка и правично имплеменитрање на истата. Организацијата спроведува различни активности кои вклучуваат учество во работни групи за креирање на закони, мониторинг на на легислативата, подготовка на извештаи за работата на институциите и имплементација на регулативата и слично. Од своето постоење ТИ-М е гласен поборник за креирање на законски решенија кои ќе донесат транспарентно и отчетно работење на институциите и ќе превенира коруптивно однесување. Редовно ги следи препораките добиени од ЕУ, ГРЕКО и УНКАК. ТИ-М врши мониторинг на работата на институциите и преку Националниот систем за интегритет кој овозможува рамка за анализа на недостатоците на дадена земја во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.   ТИ- Македонија во изминатите години постојано мотивира активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата обезбедувајќи едноставни, веродостојни и одржливи механизми. Активно учествува во донесување на законски решенија, акти и други документи кои имаат за цел да го зголемат капацитетот на институциите и организациите во борбата против корупцијата. ТИ-Македонија работи и на мониторинг на судовите и на законодавната власт. Преку следење на случаи на корупција и закони скроени по мерка придонесува кон подобрување на владеење на правото но и во намалување на јазот и нерегуларностите во судскиот систем. ТИ-М надвор од своите проекти, во секојдневата работа делува и како “watchdog” на сите политики и случувања кои се од делот на антикорупцијата и владеењето на правото како целина. Со своите иницијативи, реакции и предлози за подобрување и унапредување на политиките е видлива како организација која се бори за имплементација на владеењето на правото и почитување на антикоруптивните политики.

Корисници

Корисници како организациски така и на проектот се македонските институции, граѓаните, граѓанските организации, медиумите и сите релевантни чинители во борбата против корупцијата.