ABW png (1)

Здружение на бизнис жени

Краток опис на стратешката ориентација на организацијата

Здружението на бизнис жени игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката меѓу деловните жени со цел поддршка и промоција на женското претприемништво во Северна Македонија. Асоцијацијата е активно ангажирана во застапување за подобрување на бизнис-климата и поттикнување на вмрежувањето на локално, регионално и меѓународно ниво.

 

Опис на проектот

Главната цел на проектот е да се анализира како политиките на Зелената агенда влијаат врз жените претприемачи и да се идентификуваат начини за нивно поефикасно учество во нејзината имплементација.

Релевантноста на проектот се заснова на ограничените податоци и ниската свесност за тоа како жените претприемачи се вклучени (или можат да бидат вклучени) во Зелената агенда, како и за специфичните предизвици со кои се соочуваат и ќе се соочуваат при нејзината имплементација.

Овој проект ќе придонесе за зголемување на свесноста за Зелената агенда, особено во однос на тоа како таа може да влијае врз зелената транзиција на нивните бизниси.

Цели на проектот:

  1. Подигнување на свеста за Зелената агенда меѓу жените претприемачи
  2. Подготовка на анализа и препораки преку јавни политики
  3. Промовирање на инклузивноста и родовата еднаквост

Целни групи:

  • Жени претприемачи кои ќе добијат директна поддршка преку едукација и вклучување во истражувачки и процеси на креирање политики
  • Микро, мали и средни претпријатија (МСП) во сопственост на жени, кои ќе можат да ги имплементираат предложените препораки за зелена транзиција во своите бизнис модели

Главни активности:

  • Активност 1: Истражување за улогата на жените претприемачи во Зелената агенда
  • Активност 2: Организирање на јавна дискусија со жени претприемачи
  • Активност 3: Подготовка на јавна политика со препораки
  • Активност 4: Промоција на локално ниво преку Совети за женско претприемништво во општините

Резултати:

Истражување за зелената агенда и жените претприемачи

Јавна дискусија на тема „Жените претприемачи и Зелената агенда“ (достапно на англиски јазик)