web-grantees (1)

Организација за домување и станари ОДС

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Организацијата за домување и станари – ОДС е Здружение на граѓани основано во 2022 година, како организација за унапредување на домувањето, животните услови и правата на станарите во Република Северна Македонија.

ОДС е организација која спроведува анализи на состојбите, статусот и правата на станарите и домувањето, изработува стручни мислења, нуди решенија за унапредување на правната рамка и надминување на проблемите со кои се соочуваат станарите во Македонија. ОДС спроведува програми и активности за подигнување на свесноста за правата на достоинствено и пристапно домување за сите граѓани и презентира разни глобални иновации од светот во однос на домувањето.

ОДС се залага за кревање на јавната свест и знаење за станарите како специфичните форми на домување и се стреми да влијае врз актуелните текови за позитивни општествени промени.

 

Корисници

Mладите луѓе во Скопје се борат да пристапат до безбедно, достапно и соодветно домување. Факторите како што се сиромаштијата, невработеноста и високите трошоци за живот може да им отежнат на младите луѓе да најдат и одржуваат пристојно домување. Нашиот проект се заснова на обединет напор на организациите за домување од Босна, Северна Македонија и Црна Гора да работат на активно вклучување на младите во изнаоѓање на решенија за нивно соодветно домување

Важен е фактот што студентите кои живеат во студентските домови многу ретко се активни во граѓанските организации. Затоа овој проект ќе има клучна улога во поддршка на потребите на младите и нивно активно ангажирање и вклучување во акции на тема соодветно домување.