web-grantees

Организација на жени од Струмица

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и повеќе од триесет години работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности и родова еднаквост, на недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата

Стратегијата на ОЖС се фокусира на подобрување на положбата на жените и девојките преку застапување, мобилизација и јакнење на нивните капацитети за вклучување во процесите на планирање и одлучување, како и на поттикнување, промовирање и застапување на политики на интегриран пристап  за превенција и заштита од родово базирано насилство.

Се стремиме за обезбедување на поголема одговорност од носителите на одлуки и институциите за унапредување на родовата еднаквост и заштита на женските права.

Нашите стратешки определби се насочени и кон одржливо и професионално работење преку  примена и почитување на процедурите за транспарентно и отчетно работење, на следење и оценување на успешноста на внатрешното организациско работење и преку соработка со жени и девојки од урбани и рурални средини, сродни домашни и меѓународни граѓански организации и со институции за прашања кои се од заеднички интерес.

Корисници

Жените и девојките од урбаните и руралните средини, жртвите на родово базирано насилство, членовите и волонтерите на ОЖС, младите, граѓанските организации и неформалните групи кои работат на полиња блиски до Организација на жени од Струмица, надворешните соработници, носителите на одлуки, институциите, медиумите и општата јавност.