web-grantees (1)

Организација на жените на општина Свети Николе

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Стратешките цели на ОЖОСВН ја прикажуваат идеалната односно посакувана состојба која сакаме да ја постигнеме во периодот на времетраење на Стратешкиот план 2020-2024г, а се во согласност со нашите мисија и визија. Во согласност со нашите програми имаме и 3 главни цели. Главна цел на Здравствената програме е да придонесе кон подобра здравствена заштита на населението, а во насока на континуирана помош и поддршка на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, подобрена заштита, превенција и унапредување на здравјето на жените и девојките и унапредена и подобрена грижа за себе и сопственото физичко и ментално здравје. Главна цел на Програмата за деца и млади е младите да бидат препознаени во општеството како значајни чинители кои влијаат и придонесуваат кон позитивни промени во заедницата, а во насока на подобрени и изградени капацитети на децата и младите преку разни форми на неформално образование, зголемено младинско учество, подобрен младински активизам и волонтерство, како и креирани можности и услови за ран детски развој. Најшироката програма е Програмата за човекови права која има за цел да придонесе кон почитување и унапредување на човековите права, со акцент на правата на жените. Оваа програма е насочена во повеќе сегменти односно го промовира концепт на основните човекови права, работи на зголемено учество на жените и младите во процесите на креирање и донесување јавни политики, програми, стратегии, ја унапредува превенцијата, заштитата и елиминацијата на сите форми на родово базирано насилство, како и семејно и врсничко насилство и дополнително е насочена кон воведување на концептот на родова еднаквост во сите сфери на локално ниво. Со цел да ја унапредиме и зајакнеме својата работа во континуитет работиме на подобро позиционирање, видливост и работа на ОЖОСВН кон своите конституенти и креирање на услови за финансиска самодржливост.

Корисници

Целна група на ОЖОСВН се сите граѓани без разлика на нивната припадност и определеност по било кој основ. Директен фокус се жените и младите, но и децата, маргинализираните групи и групите на граѓани во понеповолна општествена положба. Со овој проект се очекува да се влијае на подобрување на целокупната работа, активно функционирање и позиционирање на ОЖОСВН. Со постигнување на предвидените резултати, како подобрена одржливост, зголемена видливост на Организацијата и нејзиното влијание во придонес кон превземање иницијативи и делување врз општествени промени, ннапредена и промовирана Здравствена програма на ОЖОСВН ќе имаат бенефит сите наши целни групи, а посебно жените и девојките заболени и лекувани од малигни болести.