web-grantees (5)

Женска акција – Радовиш

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Женска акција е основана во 2005 година со цел создавање на поволни услови за организиран пристап и постојана општествена активност на жените во општина Радовиш и пошироко, обезбедување на соодветна застапеност на жената во сите сфери на јавниот и политичкиот живот во државата, следење, спроведување  и применување на меѓународни конвенции и декларации за заштита на жената и нејзините права, афирмирање на културата на живеење на жената  и семејството, социјална и здравствена едукација на жената, јакнење на социо – економската положба на жената на локално и национално ниво и заштита на жената од семејно насилство.

Имајќи во предвид дека нееднаквите можности во пристапот можат да доведат до голем родов општествен и економски јаз, стратешките определби на Женска акција се фокусирани на подобрување на положбата на жените преку мобилизација и застапување на жените, јакнење на нивните капацитети преку едукација, охрабрување и мотивирање за нивно активно вклучување во креирањето политики на локално ниво, превенција од родово базирано насилство и економско јакнење на жената.

Корисници

Активностите на Женска акција се насочени кон подобрување на жените и девјките од урбаните и рурални заедници, жртви на родово базирано и семејно насилство, невработени, адолесценти, жените од сите етникуми, локалните женски НВО и институции.  ЕЛС  Радовиш и Конче.исто така имаат корист поради тоа што нашите стратешки заложби водат кон исполнување на стратешките приоритети утврдени од страна на општините.