SMART Balkans CRPM N Macedonia

Норвешка инвестира во сигурноста и стабилноста на Западен Балкан

3 МИЛИОНИ ЕВРА ДОДЕЛЕНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦЈА НА 33 ПРОЕКТИ

Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка продолжува да инвестира средства во развојот и безбедноста на шесте земји од Западен Балкан, ставајќи посебен акцент на зајакнување на влијанието на граѓанското општество во областите безбедност и стабилност и добро управување. СМАРТ Балкан особено ја поттикнува регионалната соработка и се фокусира на важни теми во секторот преку спроведување на регионални проекти, конференции, студиски посети, онлајн дебати и вмрежување со дијаспората. Проектот СМАРТ Балкан се имплементира од 2022 година и обезбедува грантови за граѓанските организации, медиумите и неформалните групи на граѓани. Во рамките на овој четиригодишен проект ќе бидат доделени 450 грантови во вкупен износ од 14,5 милиони евра.

И покрај тоа што проектот нуди поддршка преку седум видови грантови кои се прилагодени за различни аспекти на работата на граѓанското општество, важно е да се спомене дека СМАРТ Балкан доделува и оперативни грантови. „Оперативен грант е вид на поддршка за која сонува секоја организација во регионот на Западен Балкан, бидејќи претставува основна поддршка за организацијата. Овој грант е насочен кон подобрување на резултатите во заедницата и зајакнување на внатрешните капацитети на организацијата, со цел таа да биде релевантен и силен глас кој ќе допре до целните групи, а тоа е и главната причина поради која овој вид на грант е креиран пред сè “ – изјави Дајана Цвјетковиќ, проектна менаџерка.

Почетокот на 2023 година беше означен со потпишување договори за 33 грантови, од кои беа доделени 9 регионални грантови со вкупен износ од 1.692.000 евра и 24 оперативни грантови со вкупен износ од 1.234.000 евра. На јавните повици беа поднесени 365 апликации, од кои 234 се наменети за оперативни грантови и 122 за регионални грантови. Ова јасно ја прикажува потребата и волјата на организациите да дејствуваат постратешки, во согласност со мисијата и нивниот фокус да бидат ориентирани кон резултати, но и да имаат институционално зајакнување, исклучително потребно во времето кога е присутна деградација и смалување на просторот наменет за граѓанското општество во сите 6 земји.

Списокот со сите организации на кои им се доделени грантови е достапен на веб страницата www.smartbalkansproject.org.

Во моментов, во сите 6 земји се отворени четири јавни повици за нови грантови, наменети за организации кои работат на национално ниво, локални организации, медиуми и креативни групи. Планирана е поддршка на повеќе од 110 проекти со вкупен износ од 2,8 милиони евра. Краен рок за поднесување на пријавите за проекти, коe се врши преку Платформата за управување со грантови, е 15 февруари 2023 година.

„Норвешкото Министерство за надворешни работи преку проектот СМАРТ Балкан ни даде доверба, како локален конзорциум, не само во однос на проектното и финансиското управување, туку и во однос на методологијата за имплементација за зајакнување на капацитетите и улогата на граѓанските организации, како и во однос на доделување на оперативни грантови. што е воедно и најпредизвикувачкиот процес во шемата за грантови. Преку овој пристап, донаторот ја покажа својата посветеност да работи навистина систематски, храбро и суштински во насока на развој на граѓанското општество, што е неопходно за стабилен, мирен и одржлив регион. Од друга страна, ние како конзорциум сме почестени што донаторот ги препозна нашите вредности: транспарентност, професионализам, интегритет и локален капацитет, кои се вгнездуват во секој сегмент од нашиот проект. “изјави Дајана Цвјетковиќ, проектна менаџерка.

СМАРТ Балкан – Граѓанско опшество за поврзан Западен Балкан е четиригодишен регионален проект кој се имплементира во регионот на Западен Балкан преку конзорциум, предводен од Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, заедно со партнерите Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија. Целта на проектот е зајакнување на партиципативната демократија и евроатлантска интеграција во Западен Балкан преку зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество, со цел одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка со повеќе од 17 милиони евра.

Контакти за изјави за медиуми и настапи во медиумите:

  1. Александар Цеков, проектен координатор за С. Македонија и Србија, ЦИКП [email protected] +389 72 702 995