Неформална група СКОРО

Членови на неформалната група: Виктор Бужаров, Наталија Славковска, Никола Ристески, Матеа Јанковска, Ивана Атанасова, Филип Куновски, Александар Бошков.

Тоа што ја соединува оваа група на артисти е креирање на проактивна содржина инспирирана од социјалните случувања и за потребите на општеството. Групата е креирана по самоиницијатива на сите членови, наоѓајќи заеднички интерес во креирање на перформанс кој ќе биде гласноговорник за оние кои не можат или не смеат да говорат за себе.

За проектот

Проектот е констуиран со цел да биде применлив за широката јавност и цели да ги ги опфати сите лица постари од шеснаесет години без разлика на нивната родова или етничка припадност. „Два пати Мери“ е проект кој што се фокусира да ја зголеми јавната свест за неопходноста на поддршка за лицата жртви на насилство првенствено од општеството во социјален аспект и следствено на тоа од државните институции. Перформансот ги адресира ограничувањата што македонското општество ги има со тоа што се става себе во позиција на мегафон на жртвите на насилство и истовремено гарантирајќи ја нивната анонимност со цел во иднина да исчезне табуизирањето на жртвите и да придонесе на здрава и демократска дискусија за тековните проблеми. Во ова отфрлањето на табуата е лоцирана главната потреба од граѓанскиот сектор.