web-grantees (3)

Доброволно противпожарно друштво Свети Николе

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Стратешката ориентација на организацијата е придонес кон подигната јавна свест, поодговорно однесување на целокупното население и зголемена координација и соработка со релевантните локални, државни институции и бизнис заедницата, во насока на  подобрена едукација на населението, а посебно на младите, со цел намалување на ризик факторите причинители на пожари, елементарните непогоди, сообраќајни несреќи, епидемии и огромните последици предизвикани од истите врз човекот и природата. Превземање на перманентни директни и превентивни кампањи за зголемување на еколошка свест на населението за заштита на животната средина и природата. Зајакнато застапување пред релевантните државни чинители за носење на нов Законот за пожарникарство, компатибилен со најнапредните противпожарни сервиси од Европската унија, со цел унапредување на противпожарниот и спасувачкиот сектор во државата. Формирање на национална Мрежа на ДПД, за успешно застапување пред релевантните државни и локални чинители со цел добивање на константна и стабилна државна финансиска поддршка, унапредување на меѓусебната соработка на друштвата, како и превземање на иницијативи за идни регионални и континентални поврзувањета во мрежи. Унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности, за активно вклучување на жените во т.н. „машки професии“, во кои нашата е убедливо прва во светски рамки. Континуирана промоција на хуманоста, волонтерството и граѓанскиот ангажман. Во следниот период нашата ГО, преку своите органи и тела ќе цели кон подобрување на човечките капацитети,  финансиска одржливост, транспарентноста и отчетноста, функционалноста на управните тела, подобрување на внатрешните процедури, зголемување на видливоста и препознатливоста на организацијата пред потенцијалните поддржувачи и донатори, зголемување на платениот персонал, бројот на волонтери и родовата застапеност.

Корисници

Краен бенефит од сите активности и продукти од работењето на нашата граѓанска организација ќе има целокупната заедница и природата, преку спроведување на пермамнентни комплементарни едукативни и информативни кампањи, пред образовните институции, бизнис заедницата, релевентните државни и локални чинители и општата популација, ставајќи посебен акцент на децата и младите, за стекнување на основни знаења за градење на животни вештини за правилна реакција и постапување при  настанување на пожари, останатите елементарни непогоди, сообраќајни несреќи и епидемии. Неопходноста на спроведување на ваквите кампањи е непостоењето на соодветна едукативна  програма за противпожарна безбедност во образовен систем на државата. Со директни акции на нашата противпожарна единица во процесот на справување со сите видови на инциденти и преку реализација на еколошки и други општествено одговорни кции, позитивно ќе влиаеме на целокупната популација за потенцирање и промоција на подзаборавените општествени вредности:  хуманост, солидарност,  волонтерство и граѓански активизам. Во креирање на јавните политики ќе ставиме силен акцент на  вклучување на жените воо така наречените „машки професии“.