web-grantees

Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје

Стратешката ориентација на организацијата

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение на граѓани регистрирано во 1994 година. Комитетот врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи. Цел на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на СРМ, меѓународните инструменти и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата.

Во настојувањето за унапредување и заштита на човековите права и хармонизирање на домашното законодавство и практика со она на Европската унија, Хелсиншкиот комитет: Организира системско набљудување на состојбите со човековите права во земјата; Обезбедува бесплатна правна помош и ги штити индивидуалните, колективните и правата на другите правни субјекти на територијата на Република Северна Македонија и пред меѓународни организации; Подготвува месечни, годишни и посебни извештаи за состојбата со човековите права; Подготвува анализи и други стручни документи поврзани со состојбите со човековите права; Организира конференции, семинари, трибини, јавни акции и други законски форми на граѓанска активност; Го промовира и помага развојот на демократијата, владеењето на правото и граѓанското општество, и врши други работи од јавен интерес согласно Законот за здруженија на граѓани.

Резиме на проектот

Се поголемата употреба на технологијата и користењето на социјални мрежи од страна на младите носи одредени ризици за злоупотреба на нивните податоци, насилство, вознемирување. Тоа, исто така влијае на негативни последици врз менталното здравје на младите, особено на жртвите од булинг и злопутореба како и демнење. Со оглед на возраста, со овој предлог проект би сакале да влијаеме на зголемување на знаењата кај младите за безбедно користење на интернет мрежата но и интернет алатките кои младите ги користат но немаат доволно знаење за целосното функционирање на истите.

Акцијата која ја предлага овој проект ќе делува во областа на превенцијата на младите односно потребата за препознавање на ризиците, заштита и безбедно однесување во дигиталниот простор. Активностите ќе бидат реализирани врз основа на risk based approach human rights approach. Хелсиншкиот комитет за човекови права (МХК) најпрво ќе ги истражи моменталните потреби и знаења младите, соодветно ќе ги обучи и ќе придонесе за поголема заштита во дигиталниот простор. Во однос на проблемите во контекст на државните институции, МХК ќе изработи материјали кои ќе ги достави до релеватните чинители, како Министертсвото за образование и Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) и ќе застапува за вклучување на дигиталната писменост во програмите за образование на децата и младите, како за и вклучување на МИОА во делот на превенција. Со дологорочна цел за делување во оваа област, Хелсиншкиот комитет ќе биде посветен и на зголемување на знаењата на своите вработени како адевкатно би можеле и понатаму да обезбедуваме правна помош на граѓаните и соодветен мониторинг на институциите.

Цел/и на проектот

Општа цел: Унапредување на знаењето на младите, особено оние кои припаѓаат на посебно ранливите групи, за безбедно користење и заштита во интернет просторот.

Специфични цели

  • Зголемување на капацитетите на МХК за дигитална безбедност и заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и меѓународните стандарди
  • Зголемување на свесноста на младите за лична заштита при користење на интернет просторот
  • Информираност и вклученост на релевантните институции за делување во превенција и едукација за сајбер безбедност и заштита на правото на приватност
  • Зголемување на свесноста на општата јавност за дигитална безбедност и значењето на заштитата на личните податоци

Корисници

  • Млади од средните училишта, пред се членството на младинските организации и сојузи, со посебен фокус на ранливи категории, како девојчиња, Роми, ЛГБТИ+ и лица со попреченост
  • Даватели на бесплатна правна помош и застапување – вработени во МХК
  • Општа јавност која користи социјални мрежи

А очекуваните резултати со цел влијание врз горенаведените корисници се:

  • Зголемени капацитети и знаење на вработените во МХК за дигиталната безбедност, кои работат на заштита на човековите права
  • Зајакнати механизми за заштита на младите, со посебен фокус на оние кои припаѓаат на различни ранливи категории, за лична безбедност во интернет просторот
  • Зголемена свесност на општата јавност за дигиталната безбедност и значењето на заштитата на личните податоци

Главни активности од проектот

  • Спроведување на двоневен експертски треенинг за вработени во МХК
  • Спроведување на основно истражување за моменталното знаење кај младите за користење на онлајн алатаки/однесување во онлајн просторот
  • Спроведување на две школи за млади
  • Изработка на материјали за дигитална безбедност
  • Организирање на панел дискусија со релевантни иституции
  • Изработка на кампања за подигање на свест на општата јавност