web-grantees

ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија Скопје

Стратешка ориентација на организацијата

ЦЕД ФЛОРОЗОН ги има следните цели и задачи:

  • да ги заштитува интересите на граѓаните поврзани со прашања поврзани со животната средина во Република Македонија;
  • да ја промовира еколошката демократија;
  • да го зајакне владеењето на правото во делот на животната средина;
  • да промовира и остварува одржлив развој во екологијата, земјоделството, туризмот, образованието, здравството и целокупната економија како во руралните така и во урбаните средини;
  • да работи на заштита на правата на граѓаните за пристап до информации;
  • да го поттикнува партиципативното управување со животната средина;
  • да работи на зајакнување на принципите за пристап до правда во животната средина.

 

Резиме на проектот

Предлог-проектот „Механизам за спречување на корупцијата “ е дизајниран да одговори на тековните ќор-сокаци помеѓу владините заложби против општата корупција во земјата и нејзиниот евидентен недостаток на внатрешни напори за санирање на таквата состојба. Предложениот проект се потпира на три основни компоненти кои се меѓусебно поврзани: истражување и анализа, градење капацитети и застапување и јавна свест. Конкретно, проектот ќе работи на зајакнување на улогата на граѓанските организации во спречувањето на корупцијата во животната средина преку унапредување на постојните капацитети и преку обезбедување ефикасен механизам за комуникација и соработка со државните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.

Цел/и на проектот:

Општа цел на проектот е  да даде придонес во борбата против корупцијата преку воспоставување соработка и партнерство помеѓу ГО, граѓаните и клучните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.

Специфичните цели се:

  • Зголемување на капацитетите и знаењето на ГО во антикорупциските практики;
  • Овозможување ефективен механизам за справување со еколошката корупција;
  • Подигнување на јавната свест за еколошките корупциски нишки и нивните последици.

 

Корисници

Преку спроведувањето на 16-месечниот работен план се предвидува значително да се зголемат капацитетите и знаењето на целната група во антикорупциската политика. Понатаму, се очекува дека преку примената на Антикорупцискиот пристап заснован на заедницата, проектот ќе создаде ефективен канал за соработка меѓу локалните конституенти и институциите одговорни за спроведување на антикорупциската политика, т.е. преку развој, промовирање и спроведување на механизам за превенција на корупцијата во животната средина.

 

Главни активности од проектот

1.1 Таргетирање и мапирање на учесниците во проектот

1.2Анализа на антикорупциската правна рамка во областа на животната средина

1.3 Организација на дводневна работилница за еколошка антикорупција

2.1 Подготовка и дисеминација на документ за јавни политики

2.2 Подготовка на Водич за еколошка антикорупција

2.3 Организирање на јавна дебата за корупцијата во животната средина

2.4 Воведување механизам за пријавување на корупција во животната средина – онлајн апликација за пријавување корупциски случаи

3.1 Спроведување на национална кампања

3.2 Промоција на механизмот за пријавување на корупција во животната средина