bravura

Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби Бравура Кооператива

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Хуманитарно здружение за помош и подршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“ согласно својата Мисија ги обединува политиките поврзани со Лицата со посебни потреби и нивните семејства, социјалните права и политиките , правата на децата со посебни потреби, заштита од дискриминација и др. ХЗ Бравура Кооператива активно и во континуитет подготвува, предлага и импелементира мерки, активности и стратегии кои се однесуваат на подобрување на благосостојбата на лицата со посебни потреби, јакнење на капацитетите преку директен третман и подршка, јакнење на ефикасен и ефективен социјален дијалог на сите нивоа за подигање на јавната свест за оваа популација, воспоставување на алтернативни форми на услуги од вонинституционален карактер, обезбедување на поголема еднаквост и заштита од секаков вид на дискриминација.

Корисници

Имплементацијата на активностите ќе влијае директно кон подобрување на сосотојбата на ранливите групи ( лица со посебни потреби и лица со намалени функционални способности), како крајни бенифициенти од Источен плански регион. Креирањето на регинални социјални политики, преку развиена мрежа на конституиенти од државни институции на системот и НВО организации, со оперативен план базиран на реалните проценки од работните групи претставува позитивна промена и взаемна кориси и интерес на овие чинители. Акциите од иницијативата ја пополнува празнината на системот од областа на социјалните услуги со регионален опфат, и гради и создава предуслови за развој на социјални сервис провајдери во Источно плански регион, и мапирање на социјални услуги согласно реалните потреби на ранливите групи.