web-grantees (2)

Фондација за развој на локалната заедница Штип

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

ФРЛЗ работи на зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на јавни политики и зголемување на одговорноста на граѓаните за решавање на локални проблеми, како и поддршка на младите и младинскиот активизам. Согласно својата мисија и визија, активностите на кои е фокусирана Фондацијата се организирање на јавни настани, истражувања и анализи, развивање методологии, споделување информации, организирање на граѓански и буџетски форуми, дебати, обуки, работилници и консултации на теми за застапување, управување на граѓански организации, управување со проектен циклус, децентрализација, неформално образование, социјално претприемништво и младински активизам.

Корисници

Граѓаните од Штип ќе се мобилизираат и охрабрат да ги решаваат своите проблеми.

Пошироката заедница од Македонија ќе се запознае со моделот на социјално претпријатие за реупотреба на текстилниот отпад.

Вработените во фондацијата ќе ги зајакнат капацитетите од воведените внатрешни политики за безбедност и за собирање и обработка на статистички податоци за корисниците на ФРЛЗ.