web-grantees (1)

Коалиција на младински организации СЕГА

Стратешката ориентација на организацијата

Коалиција на младински организации СЕГА е национална младинска чадор организација која работи на  развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој во Република Македонија.

Визијата на СЕГА е младите да делуваат на промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесување на одлуки на локално и национално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.

Стратешки приоритети на СЕГА:

  1. Младински Активизам, Младинско учество и младинско информирање
  2. Развој, поддршка и координација на младински организации и други младински тела
  3. Креирање младински политики и простор за развој на младите во општеството

Резиме на проектот

Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.

Акцијата ќе започне со анализа на Законот за младинско учество и младински политики и ќе се мапираат потребите за интервенција за ефикасна примена на Законот.

Во следната фаза ќе се пристапи кон национална кампања за јавно застапување на потребата од унапредување на Законот за младинско учество и младински политики, за во последната фаза да заврши со развивање на Предлог Закон за измени и дополнување на ЗМУМП кој ќе биде доставен до Собранието, Владата и Агенцијата за млади и спорт.

Резултати на проектот:

  1. Идентификувани потреби за интервенции за ефикасна примена на Законот за младинско учество и младински политики;
  2. Зајакната свеста кај донесувачите на одлуки и јавноста за потребата од унапредување на примената на Законот за младинско учество и младински политики;
  3. Развиен предлог Закон за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики преку широк консултативен процес.

Цел/и на проектот

Општа цел: Да се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики

Специфична цел: Граѓанскиот сектор активно се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество

Корисници

Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 29 години на национално ниво. Проектот ќе придонесе кон унапредување на механизмите за нивно активно учество во донесувањето одлуки и креирање политики преку предлог закон за измени и дополнување на ЗМУМП.

Главни активности од проектот

  1. Анализа на ЗМУМП и мапирање на потреби за интервенција

1.1. Развивање на методологија и анализа на документација

1.2. Прибирање и обработка на податоци и генерирање на извештај

  1. Јавно застапување на потребата од унапредување на ЗМУМП

2.1. Онлајн кампања за јавно застапување за унапредување на ЗМУМП

2.2. Тематски Младински кругови на национално ниво

2.3. Фасилитирање на процес на структурен дијалог

2.4. Фасилитирање на процес на е-учество на младите и младински сектор

  1. Развивање и доставување на Предлог текст на Закон за измени и дополнувања на ЗМУМП

3.1. Креирање на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.2. Онлајн консултации по предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.3. Национална Конференција за презентација на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП

3.4. Финализирање и поднесување на предлог текст на Закон за измени и дополнување на ЗМУМП