DSC_0024 1

Втора национална конференција во С. Македонија “Управување со кризи и зајанување на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам”

Денес, на 08.06.2023, ја одржавме втората Национална конференција насловена “Управување со кризи и зајанување на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам”, организирана во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Извршната директорка на ЦИКП, г-ѓа Марија Ристеска во својот поздравен говор истакна дека целните групи со кои работат организациите на кои досега им се доделени грантови најмногу како корисници се јавуваат млади лица, жени, особено жени жртви на насилство, лица со посебни потреби, корисници на дроги, сексуални работнички и најмаргинализирани лица кои заради исклученоста се полесно влијаени од ризици за радикализација која може да доведе до насилен екстремизам.

Граѓанските организации ги препознаваат потребите на различните сегменти на македонското општество и даваат одговор преку СМАРТ Балкан проектите кои за нив нудат услуги, заштита, превенција, градење капацитети, јакнење свест или застапување во нивно име за промена на политиките во согласност со нивните потреби и за намалување на нивната ранливост. Неодговорот на потребите на овие ранливи категории на лица влијае и е правопропорционално врзан со безбедноста и стабилноста во земјата. Постоење на државен и институционален одговор би овозможил поотпорно општество во кое освен еднаквоста во учеството ќе се залага и за еднаквост на резултати на политиката. – изјави Ристеска.

Г-ѓа Хане Мелгард посочи дека досега преку СМАРТ Балкан програмата се обезбедени грантови за граѓански организации во вредност од речиси 570.000 евра.

Преку СМАРТ Балкан програма, имаме за цел да создадеме простор во кој ќе се слушнат различните гласови и перспективи на поединци и групи кои се залагаат за позитивни промени, промовираат транспарентност, одговорност, добро владеење и демократски вредности, дополнително придонесуваат за побезбеден и одржлив развој на нивните заедници.”

Оттука, во фокусот на денешната конференција – безбедноста, г-ѓа Мелдгард се осврна на трагичните настани во Србија – Целиот регион е соочен со различни безбедносни кризи: врсничко насилство меѓу младите, семејно насилство, поплави, пожари и сл. Исто така, постојат закани поврзани со долготрајните ефекти од конфликтите и зголемувањето на екстремизмот. Норвешка обезбедува развојна помош за регионот и Северна Македонија за справување со голем дел од овие безбедносни предизвици, преку зајакнување на владеење на правото, зголемување на капацитетите, транспарентноста, инклузивноста и одговорноста на институциите, како и преку промовирање на регионалната соработка.” – изјави г-ѓа Мелдгард.

Генералниот Секретар на Владата на С. Македонија, г-н Методија Димовски во своето обраќање упати честитки до Центарот за истражување и креирање политики и партнерските организации од Босна и Херцеговина и Албанија за севкупните напори кои се вложуваат во спроведување на СМАРТ Балкан проектот и во градење слободно и демократско општество.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со многу предизвици во делот на владеење на правото, независноста на судството, корумпираноста, слободата на медиумите, социјалната кохезија и се разбира безбедноста. Придонесот на граѓанскиот сектор е од исклучителна важност за развој на демократските вредности. Исто така, неопходно е воспостувањето на дијалог помеѓу државните институции и граѓанските организации, како важен предуслов за успешно спроведени промени.” – изјави г-н Димовски.

Г-н Димовски истакна дека  Владата е целосно посветена во унапредување на околината во која граѓанското општество работи. Во таа насока, за обезбедување на една поттикнувачка и одржлива околина се работи на измени на Законот за граѓански организации и фондации и Законот за спонзорства, додека Секретаријатот за европски прашања низ еден консултативен процес работи на модели за вклучување на ГО во пристапните приговори на ЕУ.  Денешната конференција и панел дискусиите кои се однесуваат на управување со кризи и зајакнување на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам се уште една потврда за препознавање на ГО во справување со безбедносните предизвици во заедницата, но и способнаста да промовираат мирно и инклузивно општество.

Во рамките на конференцијата се одржаа две панел-дискусии каде панелистите се осврнаа на регионалните прашања како што се насилството меѓу младите, природните катастрофи и глобалните безбедносни предизвици на Западен Балкан.

На првиот панел на кој што учествуваа проф. Драгана Батиќ од Факултет за безбедност во Скопје, г-н Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и г-н Кире Михајлов, од Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, беше утврдено дека системот за управување со кризи во С. Македонија, со оглед на фактот дека е воспоставен пред  триесетина година, потребно е извесно надоградување со цел да огововри на новите предизвици што ги носи новото време  на еден системски и поефикасен начин. Во тој поглед потребни се и правни и институционални измени. Меѓутоа, беше констатирано дека најголем проблем се човечките и материјалните ресурси за успешно справување со кризи. Со цел надминување на ваквиот недостаток, потребно е поголем фокус на доброволното организицирање на граѓаните во рамки на граѓанскиот сектор, затоа што и постоечкото законодавстство го дозволува тоа. Приоритет на државата треба да биде промоција и обезбедување на овозможувачка средина со цел ваквите доброволни здруженија стана ефективен дел од системот за управување со кризи. Понатаму, на првиот панел беше опфатен и аспектот на психосоцијална поддршка при наминување на кризи и други трауматични настани. И овде беше истакнато дека е неопходен еден системски пристап, каде што има простор и граѓанските организации да се вклучат преку нудење на услуги од овој вид, во рамки на заедницата во која што делуваат.

На вториот панел на којшто учествуваа г-н Златко Апостолоски, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и спречување на тероризам, г-ѓа Вилма Милчев, директорка на Центар за заедничка основа и г-н Лука Павиќевиќ, Претседател на Сојузот на средношколци, беа идентификувани актуални предизвици и закана од аспект на насилство и насилен екстремизам и соответно превенирање. Националниот кординатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам потенцираше дека на сите закани треба да пристапиме со максимална сериозност, особено во делот на превенција преку разни програми и услуги каде што и граѓанските организации можат значително да придонесат во успешна превенција. Дополнително, преку ситемски пристап во делот на реинтеграција и ресоцијализација на радиклизираните лица може да се осигура поголема безбедноста  на граѓаните. Понатаму, беа споделени и искуства од граѓанските организации кои што работат на превенција на насилен екстремизам со цел да се поттикне поголема вклученост на ГО во фазата на превенција преку соответни активности и услуги кои што се дел од портфолијата на самите организации. Со оглед на фактот дека младите се најизложени на ризици од насилство, што го покажува и неодамнешното искуство во регионот, претставник од средношколската унија на С. Македонија ги претстави ризиците и нивните потреби во успешно справување и превенција на насилство и насилен екстремизам во училитшата во С. Македонија.

Конференцијата претставуваше одлична можност за дискусија на актуелни теми и вмрежување на граѓанските организации, а на истата беа споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови, кои претставуваат механизам за финансирање на конзорциуми составени од минимум 3 граѓански организации од 3 земји, и/или формални или неформални регионални мрежи, за проекти поврзани со безбедност и стабилност и управување, кои имаат јасна регионална димензија.

На конференцијата беа потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија – Национални интервенции. Доделените грантови, во висина од 30 – 50.000 евра по грант, ќе се реализираат во период  до две години, насочени кон тематските области на проектот – безбедност, стабилност и управување. Поддржаните проекти  се засновани на релевантни стратегии/или политики.

Добитници на грант Национална интервенција:

  • ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со проект “Подобрување на Националната политика за дроги во Република Северна Македонија”
  • Коaлиција на младински организации СЕГА со проект “Граѓанско општество за унапредување на регулативата за млади”
  • ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија Скопје со проект “Механизам за превенција од корупција”
  • Хелсиншки комитет за човекови права со проект “Креирање на побезбедна дигитална средина за младите”