На 25.01.2023 година, доделивме осум оперативни грантови на граѓански организации од С. Македонија и Србија во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Доделените грантови ќе се реализираат во период од две години, a ќе делуваат кон јакнење на внатрешните капацитети на селектираните организации, како и на нивниот придонес во општеството преку застапување и директно влијание врз заедницата.
Активностите на грантистите ќе опфатат теми од областа на безбедноста и стабилноста и доброто управување како две клучни теми на проектот, односно родовите прашања, човековите права, дигиталните права, развој на граѓанско општество, демократија, просторно и урбанистичко планирање.
Грантовите се доделени на следните организации:
С. Македонија
- ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (765,000.00 NOK)
- Фондација за развој на локалната заедница Штип (414,120.00 NOK)
- Здружение Организација на жените на општина Свети Николе (306,000.00 NOK)
- Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби „Бравура Кооператива“ – Делчево (306,000.00 NOK)
Србија
- SHARE Fondacija (816,000.00 NOK)
- Institut za urbane politike (612,000.00 NOK)
- Udruženje građanki FemPlatz (550,800.00 NOK)
- Tok21 (408,000.00 NOK)
Честитаме на добитниците и се надеваме на успешна соработка!