DSC_0276

Потпишани договори со ГО од С. Македонија и Србија, добитници на оперативни грантови

На 25.01.2023 година, доделивме осум оперативни грантови на граѓански организации од С. Македонија и Србија во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Доделените грантови ќе се реализираат во период од две години, a ќе делуваат кон јакнење на внатрешните капацитети на селектираните организации, како и на нивниот придонес во општеството преку застапување и директно влијание врз заедницата.

Активностите на грантистите ќе опфатат теми од областа на безбедноста и стабилноста и доброто управување како две клучни теми на проектот, односно родовите прашања, човековите права, дигиталните права, развој на граѓанско општество, демократија, просторно и урбанистичко планирање.

Грантовите се доделени на следните организации:

С. Македонија

  1. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (765,000.00 NOK)
  2. Фондација за развој на локалната заедница Штип (414,120.00 NOK)
  3. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе (306,000.00 NOK)
  4. Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби „Бравура Кооператива“ – Делчево (306,000.00 NOK)

Србија

  1. SHARE Fondacija (816,000.00 NOK)
  2. Institut za urbane politike (612,000.00 NOK)
  3. Udruženje građanki FemPlatz (550,800.00 NOK)
  4. Tok21 (408,000.00 NOK)

Честитаме на добитниците и се надеваме на успешна соработка!