adhocgrants web box

Повик за Aд хок грантови

Референтен број на повикот: SB MKD AD 01/22

СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина како главен апликант, во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.

Проектот SMART Balkans преку специјализирани Aд хок грантови обезбедува поддршка за граѓанските организации, неформалните граѓански групи и медиумските куќи, во справувањето со итни прашања кои не може да се предвидата, а бараат итна интервенција.

Ад хок грантовит се достапни во текот на целата година. Ад хок грантовите се пофлексибилни, со поедноставена и забрзана процедура за одобрување, за да се обезбеди навремен одговор на соодветната потреба.

Вкупните средства наменети за овој тип на грант се 127.296 NOK (30.000 EUR). Максималниот износ на еден грант изнесува до 51.000 NOK (5.000 евра). Големината на грантовите ќе биде одредена врз основа на предложената активност, капацитетите за апсорпција на апликантот и ограничувањата на буџетот на проектот.

Ад хок грантови се планирани за непредвидени интервенции за настани што може да се случат, но не мора да припаѓаат на некоја од другите категории на грантови во рамки на СМАРТ Балкан проектот. Овој грант претставува поддршка за иницијативи кои се одговор на неочекувани итни настани, или настани со ограничено време за имплементација.

Целта на овој тип на грант НЕ е да се поддржат активности кои би можеле да се планираат/предвидуваат однапред.

Ад хок поддршката треба да биде во согласност со целите на СМАРТ Балкан проектот1.

Општа цел на Проектот е да придонесе за зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во земјите од Западен Балкан преку зајакнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во создавањето мирни и инклузивни општества за одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово , Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Специфичните цели на СМАРТ Балкан проектот се:

• Посилни, поодржливи и подинамични граѓански организации во шесте земји од регионот на Западен Балкан;

• Развиени силни регионални партнерства помеѓу граѓанските организации од регионот на Западен Балкан и релевантни чинители од ЕУ и јавните власти;

• Зголемена ефективност на промените иницирани од граѓаните преку ГО кои ги унапредуваат безбедноста и стабилноста и владеењето во регионот на Западен Балкан;

• Зголемена свест на јавноста за важноста од активно учество на граѓанското општество во големите развојни иницијативи во регионот на Западен Балкан.

Иако типот на активности за поддршка на приоритетните области (Безбедност и стабилност и добро управување) треба да биде предложен од апликантот, во продолжение е дадена предлог листа на теми кои што можат да ги насочат апликантите

Безбедност и стабилност
– Борба против радикализацијата

– Дезинформациите како безбедносна закана

– Трговија со оружје

– Трговија со луѓе

– Сајбер криминалот како дестабилизатор на безбедноста

– Борбата против организираниот криминал

– Спречување на перење пари

– Борбата против тероризмот

– Безбедност на храна во услови на вооружен конфликт и климатски промени

– Влијанието на климатските промени врз безбедноста и стабилноста во регионот

– Енергетска безбедност

– Подготвеност за вонредни ситуации

– Меѓукултурен дијалог

– Социјална кохезија, помирување и мир

– Човечка безбедност и родова еднаквост

– Сајбер безбедност

– Приватност на податоците

– Надзор на безбедносните институции/следење на спроведувањето на политиките за безбедност и стабилност

Добро управување
– Промовирање на дигитална писменост

– Слобода на изразување

– Учество на граѓанското општество во одлучувањето

– Борба против лажните вести

– Евроатлантски интеграции

– Дигитализација

– Реформи на јавната администрација

– Скриена економија

– Корупција, вклучително и корупција на високо ниво

Како да аплицирате?
Овој грант е достапен во текот на целата година, а апликациите се примаат секој работен ден по е-пошта: [email protected]

Главните критериуми за овој вид грант се итноста и непредвидената ситуација која бара брза и итна акција, поради што процесот на аплицирање е поделен во 2 фази:

Фаса 1: Концепт за интервенција

Фаза 2: Образац за аплицирање и Предлог – буџет за интервенција (Анекс 2, Анекс 3)

Концептот за интервенција треба да биде краток и да даде одговор на следниве прашања:

1. Цел на интервенцијата;

2. Географски области на имплементација;

3. Времетраење на интервенцијата (број на месеци);

4. Во случај на кофинансирање, ве молиме дадете дополнителни информации за кофинансирањето;

5. Опис на проблемот (максимум ½ страница);

6. Очекувани резултати (максимум ½ страница);

7. Список на активности (максимум ½ страница).

Напомена: За аплицирање во Фаза 1, не е обезбеден образец туку, аплицирањето се врши со испраќање на документ насловен како „Концепт за интервенција.“ Овој документ треба да ги содржи сите горенаведени информации и да не биде подолг од 3 (три) страници. Концептот за интервенција се испраќа на гореспоменатата е-пошта [email protected]

Концептот за интервенција ќе биде евалуиран од СМАРТ Балкан во рок од 48 работни часа.

Во случај на позитивен одговор, барателот го доставува целосниот предлог за интервенцијата составен од Образац за аплицирање и Предлог – буџет за интервенција, кои ќе бидат евалуирани во рок од 72 работни часа.

По одобрувањето на Концептот за интервенција, апликантите ќе ги добијат формуларите за поднесување на целосната апликација.

 

Кој може да аплицира?

Ад хок грантови се наменети за граѓански организации 2, неформални граѓански групи, медиумски куќи или комбинација од претходно споменатите категории (со исклучок на политички и верски организации, организации засновани на религија или вера како и локални ограноци на меѓународни организации) регистрирани или со престој во Република Северна Македонија.

Правни и физички лица кои се појавуваат на Консолидираната листа на ЕУ на лица, групи и субјекти подложени на финансиски санкции на ЕУ (www.sanctionmaps.eu), Канцеларијата за контрола на странски средства („OFAC“) на Министерството за финансии на САД https: //sanctionssearch.ofac.treas.gov/ и Списокот за санкции на ОК https://docs.fcdo.gov.uk/docs/UK-Sanctions-List.html НЕ СЕ подобни да аплицираат на овој повик.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Апликациите треба да се достават на македонски јазик и кирилско писмо како службен јазик во Република Северна Македонија.
Прашања во врска со Ад хок грантовите може да се испратат на е-пошта [email protected]

Tags: No tags