Преку СМАРТ Балкан проектот ја зајакнуваме соработката помеѓу граѓанските организации и државните институции во креирање на ефективни антикорупциски политики на партиципативен начин.
Во таа насока, тимот на СМАРТ Балкан оствари работна средба со Славица Грковска, Заменичка на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење на која што ги разгледавме можнбостите за заедничко делување во делот на креирање политики за добро управување и безбедност.