WEB SB

Одржана е информативна сесија за апликанти од Северна Македонија

Во врска со четирите јавни повици за грантови за Национална интервенција, Локална иницијатива, Креативна кутија и Медиумски грант, се одржаа две онлајн информативни сесии со претставници на граѓански организации и сите заинтересирани страни. На 18.01.2023 год. се одржа инфо сесијата наменета за апликанти од С. Македонија, на која учество земаа повеќе од 100 претставници на ГО, додека на 20.01.2023 год. повеќе од 80 претставници учествуваа на инфо сесијата наменета за апликанти од Србија.

Целта на информативните сесии беше да се презентираат можностите за грантирање на заинтересираните апликанти како и да се претстават основните принципи, правила и цели на проектот СМАРТ Балкан. Преку овие грантови ќе поддржат проекти од областа на безбедноста и стабилноста и управувањето како две клучни теми. Фокус ќе се стави на иновативни решенија и активности поврзани со подобрување на состојбата во општеството преку застапување и директно влијание врз заедницата.

Заинтересираните апликанти може да ги достават апликациите електронски, преку интернет платформата https://gmp.smartbalkansproject.org/ најдоцна до 15.02.2023 год.

Одговорите на прашањата во врска со грантовите ќе бидат објавени на 03.02.2023 год. На веб страницата на проектот СМАРТ Балкан.

Tags: No tags