ann

Најава за акредитирање на финансиска академија (едукативна програма) наменета за граѓански организации во рамки на СМАРТ Балкан

Со цел зајакнување на граѓанскиот сектор и создавање на посилни, поодржливи и подинамични граѓански организации, СМАРТ Балкан проектот во рамки на своите активности има предвидено и акредитирање на програма за едукација во делот на финансиско работење за граѓанските организации. Оваа програма (финансиска академија за граѓански организации) ќе има за цел да ги подобри капацитетите за финансиско управување на граѓанските организации преку програма која што ќе биде креирана наменски за потребите на граѓанските организации. Со ова, значително ќе се подобри ефикасноста и оддржливоста на граѓанските организации, како и нивниот капацитет за менаџирање и апсорбција на поголеми фондови.

Во насока на акредитирање на програмата, денеска проектниот координатор од СМАРТ Балкан тимот Алексадар Цеков се сретна со претставник од ЈУ Центарот за образование на возрасни на која беа претставени целите на програмата, а беа размените и информации за постапката за акредитација на самата програма

По процесот на верификација на програмата, ќе следи повик за граѓанските организации кои што се заинтересирани да ја следат обуката.

Следете не’ за повеќе информации во врска со Финансиската академија за ГО!

Tags: No tags