NO1_8110

Национална конференција во рамките на регионалниот проект СМАРТ Балкан

На 22.05.2022 година во хотел Double Tree by Hilton се одржа Национална конференција во рамките на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, на која учествуваа повеќе од 60 претставници од ГО, институции и зинтересирани граѓани од С.Македонија како и 10 панелисти. Беа одржани две продуктивни панел сесии на тема: Перспектива на безбедноста и стабилноста во Западен Балкан и Добро владеење и ЕУ интеграција во Западен Балкан: моментална состојба и улогата на ГО.

 

Во воведното обраќање и отворање на Националанта конференција се обрати Извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, д-р Марија Ристеска и потенцираше дека граѓанското општество и медиумите од регионот имаат потреба од поддршка која ќе им овозможи да бидат одржливи, објективни и независни, а програмата СМАРТ Балкан ја пресретнува оваа потреба и цели кон градење на нивните капацитети.

 

Понатаму, Амбасадорот на Кралството Норвешка во Србија, Црна Гора и С. Македонија, Н.Е. Јорн Гјелштад, изјави „Граѓанското општество е еден од партнерите на кои што најмногу му веруваме и за задоволство ве информирам дека денес го покренуваме нашиот нов механизам за финансирање во наредните четири години, до крајот на 2025 година. Норвешката влада само за оваа програма издвои 17 милиони евра што ја прави една од најголемите програми на Норвешка во регионот. „Добро управување и „безбедност и стабилност“ се истакнуваат како стратешки приоритети на Норвешка во С. Македонија. Да бидеме поконкретни, сакаме да придонесеме кон зајакнување на партиципативната демократија и евроатлантските интеграции преку омоќување на граѓанското општествo за да има посилна и поактивна улогa во создавањето на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој.“

 

Главна цел на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ е зајакнување на партиципативната демократија и евротлантската интеграција во Западен Балкан преку зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество, со цел одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија. Примарниот фоус на проектот е обезбедување на повеќе од 450 грантови во 6 држави од регионот, односно над 150 грантови за С. Македонија, во период од 4 години, како и градење на капацитетите на граѓанските организации.

 

Проектот СМАРТ Балкан започна со спроведување на 01.01.2022 и е финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка со грант од над 17 милион евра и се имплементира од страна на конзорциум од три организации од регионов: Centar za promociju civilnog društva (БиХ), како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (МКД) и Институт за демократија и медијација (АЛБ).

Tags: No tags