Опис
Проектот е насочен кон развој и итно усвојување на Националната Регулатива за Велосипедска Инфраструктура, што претставува клучен чекор кон систематско подобрување на условите за велосипедизам во урбаните средини, намалување на сообраќајните судири, жртви и загадувањето. По усвојувањето, секоја општина ќе треба да вклучи велосипедска и пешачка инфраструктура во сите идни проекти за реконструкција на улици и булевари.
Цели на интервенцијата
- Хармонизација на стандардите – Воведување на унифицирани правила за велосипедска инфраструктура во урбанистичкото планирање преку итно донесување на Правилник за велосипедска инфраструктура
- Институционална промена – Обезбедување на механизми за имплементација на велосипедската инфраструктура во сите идни реконструкции на улици.
- Подобрување на урбаната мобилност – Поттикнување на одржлив транспорт преку безбедни и функционални велосипедски патеки.
- Јакнење на јавната свест – Подигнување на општествената поддршка за безбедноста на велосипедистите и важноста на алтернативните превозни средства.
Целни групи
- Донесувачи на одлуки – Министерството за Транспорт и врвните релевантни институции, локалните самоуправи, урбанистички планери.
- Велосипедисти и пешаци – Граѓани кои активно користат одржлив транспорт и се директно засегнати од безбедноста во сообраќајот.
- Граѓански организации и активисти – Еко-движења, иницијативи за урбан транспорт и здруженија кои работат на одржлив транспорт и урбанистичко планирање.
- Стручна јавност – Урбанисти, архитекти, сообраќајни инженери и експерти за мобилност кои можат да придонесат во изработката на стандардизирани решенија.
- Медиуми и општата јавност – Канали за информирање и подигнување на свеста за важноста на безбедна и стандардизирана велосипедска инфраструктура.
Главни активности
- Стратешки состанок на клучните чинители
- Проширување на Националната Вело Мрежа
- Финален настан или конференција
- Лобирање и стратешки средби