Резиме на стратешката ориентација на организацијата
Тера телевизија во текот на своето 30 годишно работење реализирала бројни проекти со што стекнала големо искуство. Својот кадар го надградувала на разни обуки и семинари, благодарение на што нашата медиумска куќа се одликува со висок професионализам во работењето. Независна и професионална, сервис на граѓаните, креатор на јавното мислење во граѓанското општество. Продукција на сопствена програма во области важни за заедницата и развој и унапредување на медиумската писменост, општествената одговорност, зачувување на историските, културните и природните богатства, со акцент на еколошките теми за поттикнување на зголемена еко свесност.
Прилагодување на промените во медиумскиот систем, кои се должат на технолошката револуција и иновациите.
Корисници
Преку јавното информирање на жителите на Пелагонискиот регион, очекуваме дека директна корист од информирањето за процесот на енергетска ефикасност и енергетска безбедност, како и процесот на Праведна транзиција, ќе има населението, но истовремено и локалните власти, како и научната заедница која потекнува од битолскиот универзитет. Бизнис секторот ќе добие повеќе информации како да биде активен учесник во надминување на енергетската криза. Тука е и невладиниот сектор, кој може преку вмрежување со невладиниот сектор од соседна Грција заеднички да аплицираат на енергетски проекти, или образовно-едукативни проекти од областа на енергетската ефикасност и енергетската безбедност.