Резиме на стратешката ориентација на организацијата
Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.
Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.
Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.
Корисници
Корист од спроведените активности ќе имаат: Млади, Совети на родители, училишта, граѓани-општа јавност.
Активностите на проектот, односно едукативните работилници, директно инволвираат млади луѓе и родители, кои ќе слушаат, но и споделуваат искуства и ставови на современи и атрактивни теми, како сајбер безбедноста и праватноста, дигиталната злоупотреба и манипулација.
Учеството во работилниците е можност да видат дека не се сами и единствени во овие тнр. дигитални инциденти и обидите за нарушување во нивната приватност.
Видео лекциите и јавната кампања со цел поширока едукација на населението за дезинформации,, како дел од активностите на проектот, е продолжение на напорите за дополнителна едукација и дава дополнителна влијание и на општата јавност.