Резиме на стратешката ориентација на организацијата
Гласен Текстилец е организација формирана во 2017 година од страна на текстилни работнички и активисти за човекови права, од тогаш до денес работиме на локално, национално и меѓународно застапување. Нашата мисија е да имаме граѓани кои се дел од пазарот на трудот/работници, се со висока свест, едуцирани, информирани и ги уживаат своите права, така ние ќе бидеме водечка организација за остварување на работничките и човековите права во Република Северна Македонија, како и заштитници на доброто владеење и управување, се со цел кон унапредување на работничките права.
За да го постигнеме сето ова ние имаме неколку програми, како што се:
- Почитување на работничките права и унапредување на социјалниот дијалог на локално и национално ниво;
- Здравје и безбедност при работа;
- Унапредување на родовата еднаквост и елиминација на родово-базираните дискриминација;
- Млади, активизам и волонтеризам;
- Европски интеграции;
- Програма за зајакнување на институционалните капацитети на организацијата:
- Програма за економско зајаканување на жени и девојки.
Трите приоритети на нашите програми и проекти се:
- Сите работници си ги знаат своите права.
- Државните институции и приватниот сектор ги почитуваат правата на работниците.
- Нашиот организациски развој за зајакнување и одржување на персоналот и нивните капацитети во однос на програмите, финансиските/административните операции и видливоста на организацијата.
Полиња во кои ќе работиме следните години:
- Едукација;
- Истражување;
- Застапување и лобирање;
- Правна поддршка и совети.
Корисници
- Општата јавност;
- Текстилните работнички;
- Претставници на граѓански организации;
- Носители на одлуки;
- Претставници на државни институции;
- Работници од цел приватен сектор;
- Вработени во Гласен Текстилец.