58

Здружение за едукативен развој Еквалис Скопје

Резиме на стратешката ориентација на организацијата

Здружението за едукативен развој Еквалис работи со млади, активист(к)и и лидер(к)и во заедницата низ целата држава со цел едукација и јакнење на нивните капацитети на теми поврзани со младински активизам, родова и ЛГБТИ+ еднаквост и медиумска писменост. Еквалис се стреми кон креирање на сигурни простори за сите млади, без разлика на нивната етничка припадност, религија, пол, сексуална ориентација или социјална позадина. Во склоп на овие сигурни простори младите градат значајни конекции базирани на чувство на доверба кои потоа водат до поголема вклученост во општествените процеси и директен придонес во ЛГБТИ+, феминистичкото и младинско граѓанско движење во Северна Македонија.

Корисници

Со овој проект Еквалис се стреми да опфати што поголем број на млади лица првенствено од Скопје, но и од целата држава Особен акцент се става на вклучувањето на ЛБГТИ+ млади и жени, со цел создавање на сигурен простор за овие млади кои можеби никаде на друго место не го наоѓаат. Корисници на овој проект се и вработените во организацијата, управниот одбор на организацијата и веќе постоечките волонтери (база над 70+ волонтери). Тие преку процесот на градење на капацитети и преку развојот на новата организациска развојна стратегија 2020-2025 ќе бидат значајно вклучени во проектот.