DSC_0276

Потпишани договори со ГО од С. Македонија и Србија, добитници на оперативни грантови

На 25.01.2023 година, доделивме осум оперативни грантови на граѓански организации од С. Македонија и Србија во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Доделените грантови ќе се реализираат во период од две години, a ќе делуваат кон јакнење на внатрешните капацитети на селектираните организации, како и на нивниот придонес во општеството преку застапување и директно влијание врз заедницата.

Активностите на грантистите ќе опфатат теми од областа на безбедноста и стабилноста и доброто управување како две клучни теми на проектот, односно родовите прашања, човековите права, дигиталните права, развој на граѓанско општество, демократија, просторно и урбанистичко планирање.

Грантовите се доделени на следните организации:

С. Македонија

  1. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (765,000.00 NOK)
  2. Фондација за развој на локалната заедница Штип (414,120.00 NOK)
  3. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе (306,000.00 NOK)
  4. Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби „Бравура Кооператива“ – Делчево (306,000.00 NOK)

Србија

  1. SHARE Fondacija (816,000.00 NOK)
  2. Institut za urbane politike (612,000.00 NOK)
  3. Udruženje građanki FemPlatz (550,800.00 NOK)
  4. Tok21 (408,000.00 NOK)

Честитаме на добитниците и се надеваме на успешна соработка!

WEB SB

Одржана е информативна сесија за апликанти од Северна Македонија

Во врска со четирите јавни повици за грантови за Национална интервенција, Локална иницијатива, Креативна кутија и Медиумски грант, се одржаа две онлајн информативни сесии со претставници на граѓански организации и сите заинтересирани страни. На 18.01.2023 год. се одржа инфо сесијата наменета за апликанти од С. Македонија, на која учество земаа повеќе од 100 претставници на ГО, додека на 20.01.2023 год. повеќе од 80 претставници учествуваа на инфо сесијата наменета за апликанти од Србија.

Целта на информативните сесии беше да се презентираат можностите за грантирање на заинтересираните апликанти како и да се претстават основните принципи, правила и цели на проектот СМАРТ Балкан. Преку овие грантови ќе поддржат проекти од областа на безбедноста и стабилноста и управувањето како две клучни теми. Фокус ќе се стави на иновативни решенија и активности поврзани со подобрување на состојбата во општеството преку застапување и директно влијание врз заедницата.

Заинтересираните апликанти може да ги достават апликациите електронски, преку интернет платформата https://gmp.smartbalkansproject.org/ најдоцна до 15.02.2023 год.

Одговорите на прашањата во врска со грантовите ќе бидат објавени на 03.02.2023 год. На веб страницата на проектот СМАРТ Балкан.

Local Initiatives

Јавен повик за грантови за Локални иницијативи

Референтен број: SB MKD LI 01/22 

Проектот СМАРТ Балкан објавува јавен Повик за грантови за Локални иницијативи, за апликантите од Северна Македонија.  

СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина како водечки партнер во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија. 

Општа цел на Проектот е да придонесе за зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во земјите од Западен Балкан преку зајакнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во создавањето мирни и инклузивни општества за одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово , Црна Гора, Северна Македонија и Србија. 

Специфични цели на проектот СМАРТ Балкан се: 

  • Посилни, поодржливи и подинамични граѓански организации во шесте држави од регионот на Западен Балкан; 
  • Развиени силни регионални партнерства помеѓу граѓански организации од регионот на Западен Балкан, и релевантни чинители од ЕУ и јавните институции;  
  • Зголемена ефективност на промените иницирани од граѓаните преку ГО кои ги унапредуваат безбедноста и стабилноста и владеењето во регионот на Западен Балкан; 
  • Зголемена јавна свест за важноста на активното учество на граѓаннскиот сектор во клучните развојни иницијативи во регионот на Западен Балкан. 

 

Грантовите за локални иницијативи ќе обезбедат финансирање на проекти поврзани со двете главни области: 

  1. Безбедност и стабилност 
  1. Добро владеење 

Во следните документи можете да најдете детални упатства и потребните образци за аплицирање: 

National Interventions

Јавен повик за грантови за Национални иницијативи

Референтен број: SB MKD NI 01/22 

Проектот СМАРТ Балкан објавува јавен Повик за грантови за Национални иницијативи, за апликантите од Северна Македонија.  

СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина како водечки партнер, во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија. 

Општа цел на Проектот е да придонесе за зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во земјите од Западен Балкан преку зајакнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во создавањето мирни и инклузивни општества за одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово , Црна Гора, Северна Македонија и Србија. 

Специфични цели на проектот СМАРТ Балкан се: 

  • Посилни, поодржливи и подинамични граѓански организации во шесте држави од регионот на Западен Балкан; 
  • Развиени силни регионални партнерства помеѓу граѓански организации од регионот на Западен Балкан, и релевантни чинители од ЕУ и јавните институции;  
  • Зголемена ефективност на промените иницирани од граѓаните преку ГО кои ги унапредуваат безбедноста и стабилноста и доброто владеење во регионот на Западен Балкан; 
  • Зголемена јавна свест за важноста на активното учество на граѓаннскиот сектор во клучните развојни иницијативи во регионот на Западен Балкан. 

Националните иницијативи ќе обезбедат финансирање на проекти поврзани со двете главни области: 

  1. Безбедност и стабилност 
  1. Добро владеење 

Во следните документи можете да најдете детални упатства и потребните образци за апликацирање: 

FB

Изгласани промени во законот за здруженија и фондации

На 02.11.2022, пратениците во Собранието ги изгласаа измените на законите за здруженија и за политички партии со кои се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх итн.

Овие измени беа иницирани откако на 07.10.2022 година во Охрид, С. Македонија од страна на поголема група на граѓани се одржа протест против најавеното отворање на бугарскиот клуб „Борис III”.  Протестот на граѓаните, според организаторите и граѓаните, беше насочен против здружение кое носи име на „познат фашистички државник од периодот на втората светска војна (Цар Борис III),  кој бил во блиски релации со Хитлер“[1]. Така, се отвори расправа во јавноста за потребата законски да се регулира употребата на имиња, прекари, псевдоними кои што би предизвикале негативни чуства кај одредена етничка заедница или пак доколку целите биле во насока на менување на уставниот поредок на државата.

Набргу потоа, на 17.10.2022 по иницијатива на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците во Собранието на РСМ дадоа поддршка за донесување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации[2]. Како што беше образложено од страна на еден од подносителите на иницијативата, овие законски измени имаат за цел да се стави крај на отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или  активности спротивни на Уставот[3].

Имајќи предвид дека со новото законско решение се дополнително уредуваат одредбите кои се однесуваат на  регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање, во овој блог се изнесени измени на законот, за да се согледа влијанието на законските измени врз овозможувачката средина за граѓанските организации.

Во членот 8 став 3 од Законот за здруженија и фондации се додава алинеја 4 и 5, кои гласат:

„Како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.

Понатаму, промени се предвидени и во членот 18 став 2 алинеја 2 и 3 каде се предлага следниот текст:

„Целите на здружението што не смеат да предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх.“

„Дејностите со кои се остваруваат целите не смеат да ги предизвикуваат горенаведените нетрпеливости“

Во членот 31, став 2, алинеја 2 и 3, од се предвидува целите на здружението или фондацијата да не предизвикуваат каква било нетрпеливост, нетолеранција, омраза, како и ширење фашизам.

Законот има и ретроактивно дејство и се однесува и на веќе регистрираните здруженија и фонации. Имено, во завршните одредби се предлага здруженијата и фондациите што нема да постапат според наведените измени, да престануваат да важат по сила на закон и се бришат од регистарот откако ќе донесе одлука министерот за правда.

 

Случајот „РАДКО“

 

Отворањето и регистрирањето на здружението „Цар Борис Трети“ има доста сличности со т.н. случај „РАДКО“, кога во јавнос практично и се отвори дебата за користењето на спорни (контроверзни) имиња и прекари. Имено, „Радко“ е псевдонимот кој што бил користен од страна на контроверзна личност за македонската историја – Иван (Ванчо) Михајлов, а беше ставен како име на здружение на граѓани регистрирано во Република Македонија.

Во 2001 година, со одлука на Уставниот суд на Република Македонија беше укинато здружението „Радко“, кое што беше регистрирано во 2000 година. Здружението пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја оспори одлуката на Уставниот суд на РМ, кој што донесе одлука[4] во полза на здружението наведувајќи дека е прекршено правото на слободно здружување. Понатаму, во одлука се наведува дека ваквите тензии можат да настанот, но дека истите се производ на плурализмот, а државата е должна да осигура толеранција помеѓу различните општествени групи.

 

[1] https://www.dw.com/mk/klubot-car-boris-treti-vnese-nemir-vo-ohrid-obvinuvana-za-predavstvo-i-provokacii/a-63371327

[2] Службен весник на РМ бр. 52/16.04.2022 достапен на:  https://www.slvesnik.com.mk/Issues/623772ADC92FEE42A1DB496E1E190648.pdf

[3] https://novamakedonija.com.mk/makedonija/pratenicite-od-vlasta-i-opozicijata-ednoglasni-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-zdruzhenija-i-fondacii/

[4] https://hudoc.echr.coe.int/app/conversion/pdf/?library=ECHR&id=003-2612931-2834655&filename=003-2612931-2834655.pdf

ann

Најава за акредитирање на финансиска академија (едукативна програма) наменета за граѓански организации во рамки на СМАРТ Балкан

Со цел зајакнување на граѓанскиот сектор и создавање на посилни, поодржливи и подинамични граѓански организации, СМАРТ Балкан проектот во рамки на своите активности има предвидено и акредитирање на програма за едукација во делот на финансиско работење за граѓанските организации. Оваа програма (финансиска академија за граѓански организации) ќе има за цел да ги подобри капацитетите за финансиско управување на граѓанските организации преку програма која што ќе биде креирана наменски за потребите на граѓанските организации. Со ова, значително ќе се подобри ефикасноста и оддржливоста на граѓанските организации, како и нивниот капацитет за менаџирање и апсорбција на поголеми фондови.

Во насока на акредитирање на програмата, денеска проектниот координатор од СМАРТ Балкан тимот Алексадар Цеков се сретна со претставник од ЈУ Центарот за образование на возрасни на која беа претставени целите на програмата, а беа размените и информации за постапката за акредитација на самата програма

По процесот на верификација на програмата, ќе следи повик за граѓанските организации кои што се заинтересирани да ја следат обуката.

Следете не’ за повеќе информации во врска со Финансиската академија за ГО!

Newsletter September 2022 (1)

Билтен Септември 2022

Септемвриското издание на нашиот Билтен може да се најде на овој линк:

https://bit.ly/3f7rmoe

Секој месец ги презентираме сите важни активности и достигнувања поврзани со проектот Смарт Балкан, затоа осигурајте се редовно да ги проверувате нашите билтени.

304907987_151345270864446_5579380607382077685_n

Состанок во владата на Северна Македонија

Преку СМАРТ Балкан проектот ја зајакнуваме соработката помеѓу граѓанските организации  и државните институции во креирање на ефективни антикорупциски политики на партиципативен начин.

Во таа насока, тимот на СМАРТ Балкан оствари работна средба со  Славица Грковска, Заменичка на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење на која што ги разгледавме можнбостите за заедничко делување во делот на креирање политики за добро управување и безбедност.

Picture3

Интервју на координаторот на проектот SMART Balkans за Телевизија Клан Косовска

Координаторката на проектот “Паметен Балкан” за Албанија и Косово, г-ѓа Клидија Лика, беше поканета во емисијата “Ora shtatë” на телевизијата Клан Косовска, каде што им го претстави на сите заинтересирани граѓани во Косово проектот и можностите за грантови кои овој проект ги нуди. За време на интервјуто, таа истакна дека целта на проектот е зајакнување на партиципациската демократија и зголемување на влијанието на граѓанското општество во интеграциските процеси. Г-ѓа Лика објасни дека ова е проект од големо значење за регионот на Западен Балкан, бидејќи преку него има за цел да придонесе за создавањето на мирни, инклузивни општества и да го испрати гласот на граѓаните во креирањето на политиките.

Г-ѓа Лика направи детална презентација на сите видови грантови и финансиската, техничката и поддршката за градење капацитети што проектот ќе го обезбеди за секторот на граѓанското општество. Таа ги покани сите заинтересирани организации и поединци да останат во постојан контакт со проектот преку своите социјални мрежи, и ги охрабри да аплицираат на јавните повици за грантови кои ќе бидат отворени континуирано во текот на 4-годишниот период од спроведувањето на проектот.

За да го слушнете целото интервју, ве молам кликнете на линкот: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=qBmXhdCe-yc&feature=youtu.be

IMG_20220824_100041

Радио Гостување СМАРТ Балкан

Програмскиот координатор Александар Цеков беше гостин на Urban FM 90.8 Skopje кај водителката @Marija Dimishkova каде што ги престави проектните активности и постигнувањата во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзана општество во Западен Балкан.

За време на емисијата, Александар се фокусираше на поддршката што проектот ја обезбедува за граѓанските организации и го спомена големиот интерес помеѓу граѓанските организации за проектот што се гледа од фактот дека повеќе од 600 организации се регистрирале на платформата на проектот.

Во емисија, Александар даде остврт и на состојбата со граѓанското општество во Македонија и објасни на кој начин СМАРТ Балкан ќе придонесе кон подобрување на состојбите во граѓанскиот сектор

Емисијата можете да ја проследите на следниов линк:

https://bit.ly/3R3G1i8