Ад хок грантови

Ад хок грантови се планирани за непредвидени интервенции кои бараат итно внимание и брз одговор, но не мора да припаѓаат на некоја од другите категории на грантови.

Овој грант ќе поддржи иницијативи кои ќе дадат одговор на неочекувани и итни настани, или настани со ограничено време за имплементација. Ад хок грантовите се пофлексибилни, со поедноставена и забрзана процедура за одобрување, за да се обезбеди навремен одговор на соодветната потреба.

Целта на овој тип на грант НЕ е да се поддржат активности кои би можеле да се планираат/предвидуваат однапред. Ад хок грантовите се достапни во текот на целата година, а средствата наменети за овој тип на грант се во вкупен износ од 2,921,400 NOK.

Износот на доделените средства за грант ќе се определи врз основа на предложената активност, апсорпцискиот капацитет на апликантот за користење на финансиски средства и ограничувањата на вкупниот фонд.

Детални информации за тоа како да аплицирате за AD HOC поддршка се достапни ТУКА.

Во моментот не е достапен