Iskra web SB - NE DIRATI

Комуникација во време на криза: Практични насоки и успешни примери

Дали вашата граѓанска организација се соочила со ситуација што бара кризна комуникација? Знаете ли како да ги препознаете клучните показатели на комуникациска криза? Дали сте запознаени со најефективните стратегии за комуникација со јавноста во време на криза? Ги разбирате ли клучните елементи на кризен протокол и неговата примена во пракса? Може ли брзата реакција во криза да нанесе повеќе штета отколку корист?

Откријте ги одговорите на овие многу други прашања поврзани со успешната комуникација на специјализирана обука, организирана од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD)  во рамките на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, на тема: Ефективна кризна комуникација: Практични насоки и успешни примери.

📆 Кога? Март 28, 2025, во 10:00 часот.

🔗 Каде? Онлајн, на ZOOM платформата (откако ќе се регистрирате, ќе добиете ZOOM линк за приклучување).

⏰ Времетраење: 120 минути

Обуката има за цел да ги оспособи учесниците со потребните вештини и знаења за идентификување, превенција и ефикасно управување со кризи преку соодветна комуникација.

За време на оваа обука, ќе имате можност да научите:

  • Како да се препознае криза: Разбирање на дефиницијата на криза, идентификување на потенцијални ризици и одредување кога е неопходна јавна реакција.
  • Основни концепти: Кризен протокол, „златен час“ за реакција, привремена изјава и други клучни термини.
  • Правила на кризна комуникација: Запознавање со основните принципи на кризна комуникација, како што се 5P’s, 5R’s и 5C’s, за да се обезбеди ефективен одговор во кризни ситуации.
  • Примери на ризици за граѓанското општество на Западен Балкан: Презентација на специфични ризици и предизвици со кои се соочува граѓанскиот сектор во регионот, како и стратегии за подготовка и одговор на овие ситуации, вклучувајќи примери на добри и лоши практики.

Фокусот ќе биде на специфичните ризици со кои се соочува граѓанското општество на Западен Балкан, вклучувајќи: дискредитација на поединци, стереотипизација на организациите како агенти финансирани од странство, како и повлекување на донатори или намалување на финансиската поддршка.

Обучувач е Paulina Janusz, консултантка за комуникации од Полска, специјализирана за управување со кризи, стратегиски комуникации и политички маркетинг. Во текот на својата кариера, таа изработила стратегии и кризни протоколи за бројни граѓански организации на Западен Балкан, со фокус на јакнење на нивната отпорност и ефикасност во кризни ситуации.

Ако сакате да се подготвите за ефикасно справување со различни кризни ситуации во невладиниот сектор, ве охрабруваме да се приклучите на обуката преку регистрација на овој LINK!

Обуката ќе се реализира на англиски јазик, а организациите од земјите на Западен Балкан 6 се охрабруваат да се пријават.