Оперативни грантови

Оперативните грантови се наменети за граѓански организации кои имаат значајно влијание во областите на безбедност и стабилност и/или управување и имаат потенцијал за уште поголемо влијание во заедницата.

Времетраењето на поддржаните проекти со оперативен грант е 24 месеци. Средствата наменети за овој тип на грант се во вкупен износ од 23,886,800.00 NOK. Оперативните грантови ќе бидат доделени за две консекутивни фискални години.

Овие грантови, покрај финансиската поддршка, им овозможуваат на организациите да ги унапредат капацитетите на организацијата и вработените преку приспособена обука и менторска поддршка, со цел да се умножи нивното стратешко влијание и да бидат чекор поблиску до одржливоста на организацијата. Овој пристап ги ослободува граѓанските организации од притисокот создаден од краткорочното финансирање на проекти и овозможува на ГО да се фокусираат на приоритетите на корисниците, а во исто време да ја следат нивната мисија и да работат во насока на постигнување на дефинираните цели. Затоа, овој вид грант е наменет за граѓански организации кои имаат значително влијание во областите на безбедност и стабилност и  управување, но и имаат потенцијал за уште поголемо влијание во заедницата.

Корисници на грант од првиот повик

Назив на организација

Област на делување

Вредност на грантот (NOK)

Датум на започнување

Датум на завршување

Поврзани линкови

Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби „Бравура Кооператива“

Социјална инклузија

306,000.0025.01.2023.

31.12.2024.

Веб-страница

Повеќе информации


ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Безбедност и стабилност

765,000.0025.01.2023.31.12.2024.

Веб-страница

Повеќе информации


Организација на жените на општина Свети Николе 

Човекови права/права на жената

306,000.0025.01.2023.31.12.2024.

Веб-страница

Повеќе информации


Фондација за развој на локалната заедница - Штип

Добро управување

414,120.0025.01.202331.12.2024

Веб-страница

Повеќе информации