Медиумски грантови
Медиумските грантови се наменети за правни субјекти, граѓански организации или приватни медиумски компании.
Проектите поддржани преку овој повик ќе имаат за цел да создадат медиумска содржина и/или медиумска свест во однос на двете главни теми на овој проект – стабилност и безбедност и управување.
За силно граѓанско општество потребни се и силни медиуми, особено оние кои се независни, критички и кои придонесуваат за подобро позиционирање на важните теми во јавноста.
Подобни активности вклучуваат развој на медиумска содржина, медиумска едукација (ограничено на една едукација по проект, само доколку е дел целите), промоција на креирана медиумска содржина (со исклучок на печатениот промотивен материјал).
Очекуваното времетраење на поддржаните проекти е од 6 до 12 месеци, а средствата наменети за овој тип на грант се во вкупен износ од 6,546,600.00 NOK.
Корисници на грант од првиот повик
Назив на организација | Област на делување | Вредност на грант (NOK) | Датум на започнување | Датум на завршување | Поврзани линкови |
---|---|---|---|---|---|
Здружение за унапредување на новинарските практики ИНОВАТИВНИ МЕДИУМИ - Скопје | Медиуми, борба против дезинформации, истражувачко новинарство, демократски вредности | 181,560.00 | 01.05.2023 | 01.05.2024. | |
ТРД ТВ СТУДИО ТЕРА МАНГОВСКИ ЗОРАН БИТОЛА ДООЕЛ | Безбедност и стабилност | 181,559.90 | 01.05.2023. | 01.05.2024. |