Грант Креативна кутија

Грантовите Креативна кутија се наменети за правни лица (здруженија или фондации) и неформални групи.

Проектите поддржани со овој повик ќе развијат различни креативни производи низ кои ќе бидат споделени клучните пораки од проектите со граѓаните, а поврзани со областите на безбедност, стабилност и управување.

Креативните производи треба да бидат јасни и разбирливи за целната популација, по можност (но не нужно) со користење на хумор/сатира. Подобни активности вклучуваат развој на креативни производи (на пр. театарски претстави, интерактивни уметнички изведби, видеа, песни, настани и останати форми на креативно изразување кои не се сметаат за примарни медиумски производи) како и промоција на креираната креативна содржина (со исклучок на печатените промотивни материјали).

Очекуваното времетраење на поддржаните проекти е од 6 до 12 месеци, а средствата наменети за овој тип на грант се во вкупен износ од 3,894,000.00 NOK.

Корисници на грант од првиот повик

Назив на организација

Област на делување

Вредност на грант (NOK)

Датум на започнување

Датум на завршување

Поврзани линкови

Организација на жени од Струмица

Родова еднаквост

107,824.20 

01.05.2023

01.12.2023.

Веб-страница

Повеќе информации

Неформална група "СКОРО"

Безбедност и стабилност

103,530.00

01.05.2023.

01.05.2024.

Повеќе информации