Ад хок грантови
Ад хок грантови се планирани за непредвидени интервенции кои бараат итно внимание и брз одговор, но не мора да припаѓаат на некоја од другите категории на грантови.
Овој грант ќе поддржи иницијативи кои ќе дадат одговор на неочекувани и итни настани, или настани со ограничено време за имплементација. Ад хок грантовите се пофлексибилни, со поедноставена и забрзана процедура за одобрување, за да се обезбеди навремен одговор на соодветната потреба.
Целта на овој тип на грант НЕ е да се поддржат активности кои би можеле да се планираат/предвидуваат однапред. Ад хок грантовите се достапни во текот на целата година, а средствата наменети за овој тип на грант се во вкупен износ од 2,921,400 NOK.
Износот на доделените средства за грант ќе се определи врз основа на предложената активност, апсорпцискиот капацитет на апликантот за користење на финансиски средства и ограничувањата на вкупниот фонд.
Детални информации за тоа како да аплицирате за AD HOC поддршка се достапни ТУКА.
Во моментов, AD HOC грантовите не се достапни.
Назив на организацијата
| Име на проектот
| Област на делување
|
Вредност на грантот (NOK)
| Датум на започнување | Датум на завршување | Поврзани линкови |
---|---|---|---|---|---|---|
Фронт 21/42
| СТОП за противзаконска урбанизација на светското наследство во Охридскиот Регион
| Еколошко право, заштита на природата, еколошка демократија
| 54,100.00 NOK | 01.02.2025 | 01.08.2025 | |
Организација на жени од Струмица | Активни за транспарентно и одржливо финансирање на ГО
| Родова еднаквост
| 53.970,00 NOK
| 15.03.2025
| 15.06.2025
| |
Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија
| Итни и прецизни обуки за новините во јавните набавки
| Добро управување
| 54.040,00 NOK
| 17.03.2025
| 17.06.2025
| |
Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин”
| Правилник за велосипедска инфраструктура како решение за небезбедоста во сообраќајот низ Република С. Македонија | Добро управување
| 54.000,00 NOK
| 25.03.2025
| 25.09.2025
|